Портпаролот на ДУИ Бујар Османи денеска изјави дека е вистински куриозитет дека во Кичево, односно за Фатмир Дехари гласале и граѓани од Мала Преспа, Албанија, јави Телма. Османи нема податок колку луѓе точно дошле, најавувајќи дека овој податок ќе биде разгледуван подоцна.
Претходно, лидерот на ДУИ Ахмети изјави дека Дехари ќе биде градоначалник на сите граѓани, без разлика на националната определба, односно и на Македонците и на Албанците.