НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Грција до 2008 година “ерга омнес” значеше едно име за трети земји

0
By Светлана Јовановска on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервју со Аксел Сотирис Валден*

НОВА:

Според вас, кој би бил правичниот компромис помеѓу Македонија и Грција и кој компромис може да биде прифатен од политичките сили во Грција?

ВАЛДЕН:

Компромис прифатлив за двете страни треба да значи дека ниту една земја да не го монополизира терминот “Македонија” и да се сочуваат и почитуваат идентитетот и достоинството на двете страни. Убеден сум дека врз таа основа решение постои. Сите опции се дискутираат со децении па така не би требало да биде тешко да се најде согласност околу една од нив. Верувам дека во Грција постои парламентарно мнозинство кое може да прифати компромис. Но, треба да се прави напор да има што поголем политички консензуц бидејќи тоа ќе го олесни прифаќањето на компромис од страна на јавноста и ќе ги маргинализира тврдокорните националисти.

НОВА:

Каква е позицијата на Неа Демократија за преговорите? Се чини дека оваа партија ги повторува грешките од пред 20 години.

ВАЛДЕН:

За жал, Неа Демократија ја одбра националистичката карта со конфронтирачка тактика против владата. Со тоа партијата се откажа дури и од својата политика и се чини дека сега ја поддржува екстремистичката линија одбивајќи било каква употреба на терминот Македонија за вашата земја и изјавува дека сега не е време за решение. Мицотакис, лидерот на партијата одлучи да оди по таа линија, затоа што најверојатно стравува дека спорот со името може да ја подели партијата. Партија со мачна коегзистенцијата помеѓу конзервативните либерали и екстремно-десните членови. Се надевам, сепак, дека на крајот партијата нема да го поткопа решението.

НОВА:

Дали може да се каже дека Германија влезе во процесот на потрага по решение по посетата на Заев кај Меркел и контактите помеѓу Меркел и Ципрас?

ВАЛДЕН:

Германија, како и ЕУ и САД, се заинтересирани брзо да се најде решение и тоа јавно го имаат кажано. Првата причина е вашата земја да влезе во НАТО ова лето, поради растечкиот ангатонизам со Русија. Тие исто така посакуваат да видат дека блокадата за вашата земја кон ЕУ е крената. Чувствителноста на ситуацијата во регионот (особено на Косово) и миграцските прашања се додатни фактори во таа насока. Досега Берлин играше дискретна улога и мислам дека тоа беше мудро од нивна страна. Ако покажат дека премногу туркаат, тоа може да биде контрапродуктивно.

Нашите две земји треба да најдат решение – решение според нивните интереси а не според интересите на другите – а рамката за тоа веќе постои, и билатералната и под шапката на Обединетите Нации.

НОВА:

Знаеме дека Грција има проблем со географското име на Македонија. Но, кој е проблемот со јазикот со оглед на тоа што друг македонски јазик не постои?

ВАЛДЕН:

Лично, не гледам било каков проблем со јазикот. Според мене, наметнување промена е тотално неприфатливо и искрено верувам дека нашата влада тоа ќе го разбере.

Оние што имаат проблем со македонскиот јазик се главно оние што ја отрфлаат употребата на терминот Македонија за вашата земја. Нема потреба да се подвлекува дека јас не го делам тој став и убеден сум дека тоа е ставот и на најголемиот дел грчки граѓани, доколку не биле заведени од популисти.

НОВА:

Верувате ли дека решение може да биде најдено во деновите и месеците што следат?

Апсолутно сум уверен дека решението на нашите – главно имагинарни – проблеми може да биде најдено утре а можело и вчера. Овие 25 години дискусии и преговори се повеќе од доволни. Влечкањето е тактика на националистите што сакаат да ја саботираат оваа шанса.

НОВА:

Може ли да се каже дека ако оваа шанса не биде искористена, додека Заев и Ципрас се премиери, можеби во наредните години нова нема да се укаже?

ВАЛДЕН:

Факт е дека денес има голема шанса за нормализирање на нашите односи. За прв пат, по многу години, се чини дека има политичка волја кај двете страни. Политичките промени во вашата земја е најзначајната промена. Но за мене е вредно и тоа што, од грчка перспектива, и Ципрас има храбра позиција.

Очигледно е дека пропаѓањето на оваа шанса би бил многу лош сигнал. Тоа би била победа на националистите – сосема сигурно во Грција, но претпоставувам и од ваша страна. Тие би сакале проблемот да остане засекогаш нерешен.

НОВА:

Грција ни забележува иредентизам. Но што тоа значи? Каде го гледате тој иредентизам?

ВАЛДЕН:

Јас не верувам дека има (или ќе има) закана за Грција од Македонија или од македонски иредентизам. Вистина е дека во подалечното минато закана постоела (како и грчки иредентизам). Други иредентизми се уште се закана за стабилноста на регионот и ние треба одлучно да се бориме против нив.

Но денес, вашата земја нема територијални претензии кон Грција (или било која друга земја), вашиот Устав беше сменет пред многу време за да се избришат од него можните недоразбирања, а вашата сегашна влада влезе во процес на поправање на она што во Грција беше видено како провокација (иако, според мене, тоа беше повеќе глупаво отколку опасно). Се разбира дека има национализам во Македонија, како и во Грција и насекаде на Балканот и пошироко. Со оглед на тежината на историјата, најдобро е да се елиминираат сите елементи што би можеле да бидат трн во нашите односи и секогаш на основа на реципроцитет. Верувам дека ова се темите за коишто нашите влади сега дискутираат.

Од друга страна, се плашам дека честото подвлекување на проблемот со иредентизмот е дел од националистичка агенда што има за цел да ги поткопа преговорите. Националистичкиот наратив во мојата земја е дека штом вие го споменете зборот Македонија, тоа по дефиниција е иредентизам. Нивниот проблем не е иредентизмот туку вашиот национален идентите. Очигледно, ова не пристап што води до решение.

НОВА:

Според Заев, она што е неприфатливо е име што нема да може да преведе на друг јазик, промена на Уставот и разговор за идентитетот. Ципрас пак изјавува дека треба “ерга омнес” решение. Каде е тука шансата за решение?

ВАЛДЕН:

Не сакам да влегувам во детали на можен договор. Како што реков, верувам дека двете влади можат да најдат фер компромис и верувам дека јавното исцртување на “црвени линии” не ја олеснува работата. Сакам само да потсетам дека во текот на сите години преговори, од 1992 година, ставовите на двете страни не беа исклесани во камен. На пример, за сите грчки влади до 2008 година “ерга омнес” клаузулата беше интерпретирана како едно име кон трети земји. Така што е подобро да не цртаме непотребни “црвени линии”.

Сакам да повторам дека, според мене, решението на проблемот е асполутно можно и тоа веднаш. Решението ќе донесе ќар за двете страни: за Македонија е јасно, но корисно е и за Грција. Мојата земја има многу поважни предизвици што треба да ги реши, во економијата или на источната граница. Компромисот со Македонија бара само трајна политичка волја која, со употреба на придобивките од повеќе од две децении преговори, ќе ги растури заканите и популистичките обиди .

*Аксел Сотирис Валден е пензиониран функционер на Европската комисија во којашто ја водеше службата за стратегијата на проширувањето. Тој исто така беше советник во грчкото Министерство за надворешни работи и координатор на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун во 2003 година. Денес тој предава на бриселскиот Слободен универзитет. Валден беше активен во борбата против грчката диктатура и оттогаш имал водечки позиции во партиите на грчката левица. Тој беше гласен критичат на грчката официјална политика околу Македонија и напиша повеќе книги и текстови на оваа тема, како и на теми од надворешната политика и Балканот. Неодамна напиша и држеше говори во поддршка на брзо решение за проблемот со името. Ставовите во ова интервју се стриктни лични.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.