Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот систем за безбедност ЕТИАС ќе важи и за Македонија

3
By Нова ТВ on November 17, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчерашната расправа во Европската комисија за Етиас (European Union Travel Information and Autorisation System) одново го актуелизира прашањето за зајакнатите мерки на безбедност што ЕУ планира да ги преземе за поголема сигурност на своите граници.

Во документот изготвен од европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос се предвидува да им се наложи на сите лица од трети земји да минат низ систем на дозвола за влез во земјите членки на Шенген зоната.

Етиас системот ќе се важи најверојатно и за Македонија и ќе чини 5 евра за 5 години. Тој ќе стапи на сила најрано во втората половина на 2017 година.

Тоа во пракса значи дека патникот треба да пополни на интернет формулар со кој се регистрира и потоа добива или не дозвола да патува на својата дестинација. Барањето дозвола за патување во ЕУ ќе чини 5 евра за секој граѓанин на трета земја кој има над 18 години а дозволата ќе важи 5 години или до рокот на патната исправа на патникот. Доколку патувањето е одбиено патникот има право да се жали.

Етиас би требало да биде името на новиот систем на ЕУ кој како јајце на јајце наликува на системот со кој САД им дозволуваат влез во земјата на странците, без оглед дали им е потребна виза или не.

ЕТИАС системот не е виза. Државјаните на земјите за кои има безвизен режим и натаму ќе можат да патуваат без визи, но ќе мора да добијат дозвола за патување пред да влезат во Шенген зоната. Преку овој систем ќе се прават проверките и ќе се одлучува дали некому ќе му биде дозволено или одбиено барањето за влез во земјите од ЕУ, но сепак конечната одлука за тоа ќе ја носат службениците на граничните премини.

Идејата стаса од Германија и Франција. Нивните министри за внатрешни работи го најавија системот уште на 23 август годинава. А темата беше обработена во еден документ на Европската комисија (ЕК) уште во април годинава. Документот се вели дека информациите прибрани преку овој систем ќе и овозможат на граничната полиција подобро да го оценат можниот ризичен профил на патникот кој влегува во ЕУ за кус престој. Овој систем веќе постои во САД, Канада и Австралија.

“Системот за дозвола за патување е заснован врз интернет барање во кое барателот треба да даде детали за идентитетот, контакт детали, цел на патувањето, маршрутата на патувањето итн пред да тргне на пат. Кога ќе добие дозвола, граничните процедури ќе се одвиваат побрзо и полесно”, се вели во априлскиот документ на ЕК.

Мерката се поврзува со првиот и најголем приоритет на ЕУ е борбата против тероризмот и обезбедување на нејзините надворешни граници, бидејќи голем дел од европските земји се соочени со ризик од терористички напади и со огромен број бегалци од Сирија и Ирак каде што делува терористичката организација Исламска држава. Советот на ЕУ и Парламентот треба да одлучат и да го верификуваат во следните 3 години, откако претходно овој план треба да биде одобрен од националните парламенти на земјите членки.

Така на пример, доколку во една земја се утврди дека има многу радикализирани лица и повратници од Сирија и дека државата не го контролира доволно овој феномен, ЕУ би можела да го воведе овој систем и за земја кандидат која е ослободена од визи.

ЕТИАС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.