НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За кревањето рачна на патот кон ЕУ и Планот Б

0
By Ана Василевска on October 30, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ТОНИ ПОПОВСКИ

Изборите се навистина добредојдени за да конечно кажеме „ДА“ на веќе конструираната брза лента за влез во ЕУ во 2030 година и попатно на преговарачката маса да ги адресираме нашите најголеми загрижености или да кажеме „ДА“ на парализата на нашето чекорење кон ЕУ и „парализирани“ да го дочекаме извесното продлабочување на глобалната безбедносна криза со поврзани социо-економски последици.

Пред една седмица беа јавно презентирани наодите од новата телефонска анкета на „Евротинк“ спроведена од страна на агенцијата Брима од Скопје во периодот од 4 до 21 септември 2023 година во рамки на нивното повеќегодишно истражување „Еврометар“, па оттаму и поттикот да се направи споредба со наодите од од анкетата која беше спроведена со методот „лице в лице“ во јуни оваа година во рамки на „Евробарометар“ на Европската Комисија. Во продложение се споредени наодите.

Од трите слики погоре кои се се превземени од европскиот Евробарометар се воочува дека 58% од испитаниците сметаат дека нашето зачленување во ЕУ е добро за нашата држава (за 6 месеци има пад од 2%), а 73% од испитаниците сметаат дека кога сѐ ќе се земе предвид ќе имаме полза од членството во ЕУ (за 6 месеци има пад од 4%), и дека за 52% од испитаниците, ЕУ има целосно позитивен имиџ, наспроти 30% неутрални и 18 % со спротивно мислење. Во продложение се карактеристични наоди од „Еврометар“ на Евротинк.

Доколку се споредат наодите, разликата во испитаниците на европскиот Евробарометар и нашиот Еврометар, а кои сметаат дека нашето зачленување во ЕУ е е добро за нашата држава е плус 5.4% кај Евробарометар. Истовремено кај нашиот Еврометар, 60.8% испитаници сметаат дека ЕУ е најдобрата алтернатива за нас наспроти 35.6% кои се определиле за План Б, односно барање на сопствен развоен модел надвор од ЕУ. Во истражувањето на Евробарометар, убедливи 73% од испитаниците сметаат дека кога сѐ ќе се земе предвид ќе имаме полза од членството во ЕУ. Од двете анкети може со сигурност да се извлече заклучок дека европскиот пат има неспорна и мнозинска поддршка во Републиката, кумулативно од страна на сите етнички заедници. Притоа, она што загрижува е наодот од нашиот Еврометар за нагласената поларизација кај Македонците  по однос на ЕУ како најдобра алтернатива и Планот Б  – развоен модел надвор од ЕУ . Клучната причина за овој скептицизам како што понатаму се воочува во нашиот Еврометар е стравувањето дека Македонците ќе го изгубат националниот идентитет. Надоврзан е и наодот дека 48% од испитаниците сметаат дека државата е под закана, и од нив големо мнозинство ја сметаат соседна Бугарија како најголемата закана.

Споредбена анализа на европскиот Евробарометар и нашиот Еврометар направив и во мојата прва колумна за порталот Рацин. Пред  нешто повеќе од осум месеци укажав, но и сега мислам дека  покрај спонтаното има и тенденциозно зголемување на негативниот сентимент на Македонците кон ЕУ,  кое е политички обликувано  од страна на опозицијата во македонскиот камп низ континуирани обвинувања за сервилност на владеачите партии кон соседите и сојузите во кои членуваме или целиме да се зачлениме, наводно напуштање на светите национални интереси (на Македонците) и создавање на медумски поткрепена и тогаш (но и сега) доминантна бучава дека „Македонија го губи идентитетот на патот кон ЕУ“. Потенцирав дека од една страна, не се пропушта можност да се обликува антивладин сентимент, а од друга страна се подготвува политичка понуда која одговара на тој сентимент. И сето ова би било сосема легитимно во еден политички систем кој е либерално демократски уреден, доколку истовремено има политичка понуда за ефикасно и ефективно управување со ризиците од парализа на нашиот европски пат и злоупотреба на таа состојба за хибридни –  непријателски дејствија од трети страни.  Таква понуда засега нема, односно има само ветување дека избирачите ќе ја дознаат за време на изборите или непосредно по нив.

Кревањето рачна на патот кон ЕУ поради „бугарски диктат“ и последичен „лет во место“ сѐ додека ЕУ не ни понуди нова преговарачка рамка која одговара на златен стандард, е Планот Б на опозицијата. Истовремено тое е алтернативата за која се залага влијателен дел од експертските и „независните“ медиумски кругови кај нас, најнепосредно обликувајќи ја исклучително атрактивната (за Македонците) парола:  „Да за ЕУ, Не за „ЕУ“ рамката, Да за нова и фер ЕУ рамка, и Не за бугарски диктат“.   Притоа, во ваква ситуација изборите се навистина добредојдени за да конечно кажеме ДА на парализата на нашето чекорење кон ЕУ и „парализирани“ да го дочекаме извесното продлабочување на глобалната безбедносна криза со поврзани социо-економски последици или да кажеме ДА на веќе конструираната брза лента за влез во ЕУ во 2030 година, попатно на преговарачката маса адресирајќи ги нашите најголеми загрижености.

 

Блокада за ЕУ интерграции ЕУ интерграци Проширување на ЕУ до 2030
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.