Зоран Иванов: По суровата вербална тепачка во Овалната во Вашингтон, наивно очекував нашата Претседателка Гордана Сиљановска Давкова на својот украински колега Володимир Зеленски да му додели Орден.
Заслужено високо македонско државно признание за неговата храброст на фронтот и за неговиот дипломатски стоизицам.
Да ја потврди Македонија како земја на слободоумни и слободарски граѓани.
Не можеме многу со оружје и пари но, во овие украински околности, нашата претседателка може и има цивилизациска обврска да направи барем гест спрема непоколебливиот украински народ и неговиот претседател херој.
Па, Претседателке, за Орбан орден на Водно – за Зеленски молк од Водно!