“Невозможно е Косово да се придружи кон „Отворен Балкан“ без меѓусебно признавање. Ако го прифатиме тоа, ќе живееме во статус кво ситуација, додавајќи дека е неопходно лидерите на албанските држави да бидат на линија со лидерите на Косово за темите за Косово и неговата иднина, како што е темата за поделба на Косово во дијалогот со Србија.
“Премиерот Рама би требало прво да разговара за признавањето на Косово од страна на Србија , за да се оди понатаму кон оваа тема за Отворен Балкан , бидејќи прво мораме да сме рамноправни. Не може да се биде отворен кон некој кој не ве признава, рекол Харадинај.
Додал дека е одлучен да и помогне на Албанија во сите нејзини иницијативи бидејќи ако е успешна таа , успеваат сите Албанци генерално.