Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За пратеничкиот мандат на Груевски ќе се одлучува од утре

0
By Соња Петрушевска on October 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го доставил известувањето од Судот за пресудата на пратеникот Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Претседателот Павле Богоевски сега има рок од 15 дена да закаже седница. Рокот почнува од утре.

Според информации на НОВАТВ, во известувањето кое го испратила судијката Добрила Кацарска до Собранието, се наведува дека пратеникот е осуден на правосилна казна затвор од две години.

Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.

Одземање на мандатот според Деловикот следува и за пратеник кој „неоправдано отсуствува повеќе од 6 месеци од собраниските седници“. Отсуството на Груевски, доколку замине на издржување на затворската казна сепак ќе се смета за „оправдано“.

Доколку  мнозинството членови на Комисијата одлучи да му се одземе мандатот, Собранието одлучува со двотретинско мнозинство.

Адвокатите на Груевски како што веќе објави НОВАТВ ќе бараат одложување на затворската казна, но ова не ја запира постапката за одземање на мандатот на Груевски.

Доколку му буде одземен мандатот, на негово место во Собранието, седнува наредниот на листата пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“, кои беа кандидирани во оваа изборна единица.

Неофицијално, според собраниски извори, ќе се чека последниот рок за да се свика собраниската комисија за да се избегнат дополнителни тензии во време кога Собранието треба да одлучува за уставните амандмани.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.