Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатите на Груевски од Врховен бараат да се одложи казната затвор

0
By Соња Петрушевска on October 26, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 26, 2018 16:07

Адвокатите на екс премиерот Никола Груевски оваа недела до Врховниот суд доставиле Барање за вонреден правен лек за преиспитување на пресудата за „Тенк“и Судот да дозволи одложување на затворската казна, се додека не одлучи по вонредниот правен лек, потврдија за НОВА ТВ адвокати кои се дел од тимот кои го застапуваат Груевски.

Врховниот суд нема рок до кога треба да ја донесе одлуката.

Исто така, адвокатите напоменуваат дека Груевски од денеска од кога го доби упатниот акт за издржување на затворската казна има право да поднесе и молба до Кривичниот суд, според Законот за извршување на кривични санкции да му се одложи извршувањето на казната. Според Законот како причини кои може да се наведат за одложување на казната затвор се „потешка акутна болест или од зависности“, „смрт или тешка болест во потесно семејство“, „грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица, за кои е должно да се грижи“.

Оваа молба Груевски има рок од три дена да ја поднесе.

Доколку Врховниот суд пред 8 ноември кога е последниот рок до кога Груевски треба да се пријави во затвор донесе одлука за одложување на казната, осудениот нема да замине на издржување на казната, се додека Судот не донесе одлука за преиспитување на пресудата за „Тенк“. Во спротивно, Груевски до 8 ноември треба да се пријави во Шутка.

Врховниот суд има донесено одлука за одложување на казната затвор за екс премиерот Владо Бучковски кој беше осуден на три години затвор .

Груевски може да остане и без пратенички мандат

Упатниот акт за извршување на затворската казна Груевски го доби утринава во Судот каде што го чекаше  почетокот на судењето за „Траекторија“. Од Кривичниот суд потврдија дека упатниот акт бил доставен во Судот, затоа што претходно имало „неуспешен обид упатниот акт да му биде доставен на домашна адреса“.

Груевски денеска ги избегна новинарите и на излегување од Судот не даде коментар.

Со оглед на фактот дека Груевски е и пратеник, собраниски извори велат дека во овој случај пратеничкиот имунитет не може да го заштити  од издржувањето на казната и за неговиот имунитет нема да заседава комисијата за мандатно – имунитетни прашања. За имунитет на пратеник се одлучува само ако за пратеникот се бара притвор или е фатен во извршување на кривично дело за дело за кое е пропишана затворска казна од најмалку 5 години затвор.

Во однос на пратеничкиот мандат, истите собраниски извори објаснуваат дека на Груевски може да му се одземе пратеничкиот мандат врз одредбата од Деловникот во која пишува дека мандатот му се одзема ако „пратеникот е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција“ . Известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната. Одземање на мандатот според Деловикот следува и за пратеник кој „неоправдано отсуствува повеќе од 6 месеци од собраниските седници“. Отсуството на Груевски, доколку замине на издржување на затворската казна сепак ќе се смета за „оправдано“, коментираат собраниски извори за НОВА ТВ.

Во „Тенк“ Груевски е осуден за „Примање награда за противзаконско влијание“

Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беше осуден на две години затвор за кривично дело „Примање награда за противзаконско влијание“ на 23 мај годинава.

Според Судот, Груевски го искористил своето реално влијание како премиер и и побарал од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која исто така е осудена во овој предмет, да се купи возило блиндиран мерцедес.

„Чест е да се биде носител на јавна функција во Македонија, особено е чест да се биде премиер. Затоа истиот треба да се грижи за интересите на грѓаните, не само тој туку секој носител на јавна функција треба да знае дека еден од основните принципи е принципот на отчетност. Граѓаните  мора да знаат како се трошат нивните пари. Никој, најмалку носителот на јавна функција, тука секако пред се премиерот, не смее да ги потценува и омаловажува граѓаните како што тоа го сторил обвинетиот Никола Груевски. Тој успеал да обезбеди за себе на незаконит начин возило мерцедес“, рече судијката Добрила Кацарска, образложувајќи ја пресудата.

Апелациониот суд во целост ја потврди затворската казна на Груевски на почетокот на септември. 

Во „Тенк“ осудени се и екс помошник министерот во МВР Ѓоко Поповски на 6 и пол години затвор и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на 6 години затвор.  Апелација за Поповски ја намали затворската казна на 4 години, а за Јанкуловска се уште нема одлучувано.

адвокати Врховен Груевски затвор пресуда тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.