Причината за овој, за Белгија несекојдневен настан, е доаѓањето во земјата на американскиот претседател Барак Обама.
Американецот доаѓа на самитот на Г7 земјите кој се одржува во Брисел а со него во земјата ќе бидат и лидерите на уште шест од најиндустријализираните земји – Франција, Велика Британија, Германија, Канада, Италија и Јапонија.
Белгиските власти одлучија да го намалат секој теористички ризик на минимум и ги затворија границите на земјата со воведување контроли на граничните премини не само на патиштата туку и на аеродормите или пристаништата и железичките станици. За жителите на ЕУ овој настан е навистина невообичаен бидејќи Шенген зоната и укинувањето на границите беше направено во 1995 година.
Според правилата на Шенген зоната, одржувањето на самит на Г7 земјите дозволува привремено воведување на границите но ова е прв пат тоа навистина и да се случи.
Овој самит требаше да се одржи во Сочи во Русија на 4 и 5 јуни но беше откажан по тензиите во Украина. Истовремено беше одлучено Русија да биде исклучена од самитот.