Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За седум дена голем број починати во Босна, Бугарија, Грција, Хрватска и Словенија

0
By Нова ТВ on November 16, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Налетот на Ковид 19 ги полни црните статистики на сите држави во светот. Големата смртност не е исклучок ниту за државите во регионот кои тешко се справуваат со корона вирусот. Во последната седмица Босна и Херцеговина има 379 починати.

Со високи бројки за последните седум дена се и Хрватска со 255, Грција со 322, Бугарија со 465 починати.

Дури и Словенија, која се смета за поразвиена држава, имала 243 смртни случаи.

Северна Македонија во овие седум дена има 169 жртви од Ковид 19, Србија имаше 119 починати.

Изминатите седум дена се најцрни за сите држави во регионот, а прогнозите на лекарите се дека вирусот и натаму ќе продолжи да брои починати. Се до почетокот на имунизацијата преку вакцина, што значи уште најмалку два до три месеци, државите од опкружувањето, вклучително и Северна Македонија, ќе бидат во мобилизација.

Уште една идентична слика со овие држави е тоа што и таму здравствените капацитети се полни, се адаптираат нови простории за Ковид центри, секојдневно се прават по 3.000 до 4.000 тестирања, а бројките со заразени растат.

Со оглед дека следува тежок период во кој здравствените работници ќе имаат зголемен обем на работа, во кој нема да изостанат нови пациенти, нови починати, голем дел од државите започнаа со спроведување на рестриктивни мерки.

Речиси секаде е намалено работното време на угостителските објекти, постојат забрани за прослави и групирање на граѓани, задолжително е носење маска и држење растојание…

Сепак, и покрај многуте мерки, во државите во регионот расте бројот на заболени и починати.

Ако продолжи ваквиот тренд сигурно лекарите ќе предлагаат и нови, построги мерки. Вината за ваквата црна статистика, со која се бори целиот регион, не може да се бара во здравствените власти кои вложуваат максимални напори да спасат што поголем број пациенти, едноставно вирусот е со толкав интензитет и толку лесно се пренесува, што е незамисливо да нема смртни случаи. Затоа ситуацијата налага заедничко, солидарно делување на сите општествени фактори.

Кај нас загрижува однесувањето на опозицијата која во изминатите осум месеци во ниту еден момент не се вклучи реално да му помогне на здравствениот систем.

ВМРО ДПМНЕ ја користи ситуацијата и починатите да води политичка кампања во период кога тоа е најмалку потребно.

За разлика од другите држави во кои политичките фактори се обидуваат заеднички да делуваат, кај нас опозицијата никако да ја сфати одговорноста која ја има. Наместо да помогне за намалување на починатите и заразените пациенти, што е интенција на секоја власт, таа продолжува со постапките преку која ги омаловажува медицинските работници и сее страв кај заболените пациенти.

Статистиката е направена според податоци објавени на https://www.worldometers.info/coronavirus/, во 7.00 часот на 16 ноември 2020 година, се однесуваат на периодот од 09 – 15.11.2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.