Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Централен регистер не било спорно здружението „Ванчо Михајлов“ бидејќи не повикува на рушење на државата

0
By Соња Крамарска on April 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Централниот регистар смета дека во запишаните цели и програма на делување на здружението ‘Културен центар Иван Михајлов Битола’ нема елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, не се преземаaт активности поврзани со тероризам, активности кои се спротивни на Уставот или закон, ниту се повредуваат слободите и правата на други лица, за што е одлучено да се донесе Решение за упис“, тврдат од Централниот регистер по бурните реакции во јавноста за именувањето на културниот центар на Бугарите во Битола.

Во објаснувањето се додава и дека по основањето на здружението на 15 март 2019 година, никој не поднел жалба за неговата регистрација иако законот го дава тоа право.

Барањето за регистрација го поднел извесен Љупчо Ѓоргиевски и барањето поминало низ сите законски процедури вклучително и низ Министерството за правда, во врска со што тогашната министерка Рената Десковска вчера појасни дека е даден негативен одговор. Централниот регистер, пак, денеска се надоврзува велејќи дека подносителот на барањето Ѓоргиевски донел нотарска изјава дека Ванчо Михајлов нема наследници кои ќе го спречат користењето на неговото име, со што биле исполнети законските услови за регистрација на здружението што го носи името на нацистичкиот соработник. (С.К.)

Ванчо Михајлов Централен регистер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.