За Велигден и за Рамазан да нема полициски час, предлага Комисијата за заразни болести. Како што соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, останатите олабавувања на мерките се полицискиот час да биде од 21 часот во останатите денови (освен за Велигден и Рамазан), и да се отворат летните тераси на кафулињата и рестораните кои ќе може да работат до 20 односно до 20.30 часот.
Препораките од Комисијата се поради намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани изминатиот период.
Тие утре ќе бидат на дневен ред на седница на Влада.