Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За влакно избегната трагедија во тетовската болница: Некој ги оштетил цевките за дотур на кислород

0
By НОВА ТВ Balaban on August 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршен е увид од јавниот обвинител и полицијата и веќе се трага по виновникот или виновниците за оваа хаварија. Нивната „операција“ е најверојатно и снимена со надзорна  камера.

Голема трагедија била избегната утринава во тетовската болница каде некој ги оштетил споредните цевки од системот за централен дотур на кислород, кои што го снабдуваат ургентно-дијагностичкиот центар.  Но, таму за среќа немало пациенти и тоа е позитивната околност. Снабдувањето со кислород на пациентите во ковид-одделенијата пак било преку главната цевка и немало застој. Извршен е увид од јавниот обвинител и полицијата и веќе се трага по виновникот или виновниците за оваа хаварија. Нивната „операција“ е најверојатно и снимена со надзорна  камера.

Д-р Гзим Нуредини, координатор на ковид центарот во болницата изјави дека има и камери во просторијата каде биле откорнати цевките.

– Очекуваме сторителите на ова дело да бидат фатени и казнети, гледаме дека за жал има и такви луѓе кои сакаат да направат вакви лоши работи. Се забележува  дека некој удирал со метален предмет врз цевките, едната ја пресекол, додека другата е свиткана. Ќе беше голема хаварија да успеаја во тоа, сите пациенти во тој оддел се зависни од кислород! За среќа, не успеале во намерата и најважно е што немавме последици по пациентите – вели д-р Нуредини и додава дека оштетените цевки биле заменети со нови и доводот на кислород сега функционира.  

Во врска со тоа дали ќе го засили надзорот врз оваа просторија, тој објаснува:

– Тие биле и досега обезбедени – се наоѓаат на височина од околу три метра и тоа во посебна просторија која има и ограда. Освен тоа има и техничка служба со одговорни лица, но и камери има просторијата и верувам дека е снимен овој вандалски чин, сосе сторителот! Но ќе треба, така да кажам, „похерметички“ да ја обезбедиме оваа просторија, а планираме да го засилиме и обезбедувањето со 24-часовна дежурна служба, вели д-р Нуредини.

А дали станува збор за кражба на бакарни цевки, со цел нивна продажба или друг мотив е во прашање, испитуваат Јавното обвинителство и полицијата, кои веќе извршиле увид.

– Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората, којашто е за азотен-оксид била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила  комплетен увид. Оштетувања се фото-документирани и крим-технички обработени. Случајот се расчистува и документира, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Неодамна и во „Арабати Баба Теќе“ некој се обидел да украде дел од трансформаторот, но веднаш се премислил, зашто истиот бил вклучен.

Љубица Балабан

 

Гзим Нуредини кислород оштетил полиција тетовската болница цевки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.