Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заборавената (мрачна) страна на Simple Minds

0
By Нова ТВ on March 6, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Популарното лице на шкотскиот бенд Simple Minds, што на глобалната сцена е активен од 1977 година до денес, на сите им е познато. Добро, ако зборуваме буквално, не се работи за секој човек на планетава, туку за повеќе од 30 милиони личности кои ги купиле нивните изданија. Кога на ова ќе ги додадеме и десетиците милиони што во текот на три и пол децении ги посетиле нивните масивни, стадионски, концерти, како и присуството на радио и ТВ-станиците, сликата станува побистра. Едноставно, групата која ги направи првите чекори во Глазгов е светски поп-рок-феномен чијшто магнет се чини дека не губи од силата на привлечноста, објавува @sazspasm на Џа бест.

Тоа што, сепак, многумина не го паметат се зачетните стадиуми во развојот на составот којшто се одвиваше безмалку подземи, далеку од очите на јавноста, ама во срцето на случувањата од тогашната ера. Истите тие денеска ќе настапат пред македонската публика во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Корените на групата се нагласено панкерски. Сегашниот фронтмен и гитарист, Џим Кер и Чарли Берчил, најпрво свиреле во Johnny & The Self-Abusers. Во оваа формација тие снимиле и официјално издале само еден сингл – Saint and Sinners – по што веднаш се растуриле. Избирајќи дел од стих од песната Jean Genie од Дејвид Боуви (so simple minded he can’t drive his module; He bites on the neon and sleeps in the capsule; Loves to be loved) дуото стартувало одново, меѓутоа, во правец на њу вејвот и пост-панкот. Освен споменатиот Зиги Стардаст на првенчето од 1979 година, Life in a Day, кај составот се забележителни и влијанијата од The Doors, Stranglers и неизбежните Roxy Music.

Веќе на Real to Real Cacophony, што излегол одвај шест месеци по дебито, составот ја прикажал приврзаноста со совремието и ја надградил со дефинирани лични погледи. Збивајќи сè од Devo преку Kraftwerk до Брајан Ино, и збогатувајќи го тоа со сопствени идеи, шкотланѓаните се наметнале и како прогресивци, а не само како следбеници. На Empires and Dance Кер, Берчил и нивните музички „соборци“ значително поуспешно ја рафинирале формулата воспоставена на претходникот. Иако не е пресвртен до степен на „какофонијата“ ова издание се вбројува меѓу подобрите денс-панк плочи од стартот на 80-тите кое што пулсира со раздвижувачки ритам и бас.

На четвртото студиско остварување Sons and Fascination / Sister Feelings Call бендот ја сменил издавачката куќа заедно со продуцентот. Тоа резултирало со материјал којшто не е конзистентен и напреден како претходните два, но и покрај тоа успева да го одржи високиот степен на квалитет. Навестувањата за подоцнежниот планетарен пробив и комерцијално освојување се очигледни на New Gold Dream од 1982 година.

Истакнато сконцентрирана на синтисајзерите збирката во преден план ја исфрла мелодичноста на Кер и способноста на групата да напише запаметливи рефрени. Пристапот е сличен и на Sparkle in the Rain од 1984, но на плочата полека станува јасно дека Simple Minds полека се ориентираат кон стадионите и големите летни фестивали.


Првата потврда за тоа е синглот од истата сезона, Don’t You (Forget About Me), од саундтракот за филмот The Breakfast Club што со текот на годините се наметна како „трејдмарк“ композиција на групата, слично како и Alive and Kicking. Новото гостување во Скопје потврдува оти Кер, Берчил и компанија се „живи и здрави“, за што, без дилема, се заслужни и верните фанови кои се свесни дека иако често е игнорирана, раната, мрачна и уметнички силна страна на нивниот омилен состав не смее да се заборави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.