Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрана за Блатер и Платини од 8 години за било каква работа во фудбалот

0
By Нова ТВ on December 21, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателите на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини добија забрана од осум години за била каква работа поврзана со фудбалот.

На сослушувањето на Етичката комисија во Цирих, ниту Блатер ниту Платини не се појавија.
Нивните забрани следат по обвиненијата за исплата на 2 милиони швајцарски франци од Блатер до Платини во 2011 година.

ФИФА денеска објави објаснување од 40 страници за истрагата а во неа се вели:

„Етичката комисија на чело со Ханс-Јоаким Екерт им забранува на Сеп Блатер, претседателот на ФИФА, и на Мишел Платини, претседател на УЕФА да работат во сферата на фудбалот осум години, како на национално така и на меѓународно ниво. Забраните веднаш стапуваат во сила“, се вели во објаснувањето.

Истрагата покажала дека Блатер во 2011 година одобрил исплата од 2 милиони швајцарски франци за договор потпишан на нелегална основа на 25.август 1999 година.

Освен забраните, Блатер е казнет и со 33.000 фунти, додека Платини со 53.000 фунти парична казна.

Со ова, Мишел Платини не може да се кандидира на претстојните избори за претседател на ФИФА. Тој ќе мора да поднесе оставка и од лидерската функција на УЕФА.

Блатер пак, веќе одамна најави дека нема да се кандидира за нов мандат во ФИФА, откако ФБИ и швајцарските власти отворија истрага за наводна корупција помеѓу членовите на ФИФА за наплата при одлучувањето за светските првенства во фудбал во Русија и Катар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.