Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забранети се екскурзии на Пеленица – ќе се проверува дали има депонија на токсичниот линдан

0
By Нова ТВ on December 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за животна средина испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии на Пеленица, Драчево, местото за кое има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС.

МОН им наложи на општините да не се одржуваат училишни екскурзии на локацијата, потврди Петар Атанасов од Министерството за образование за Телма. „Не смее децата да се во близина на нешто што може да им наштети. Дадени се инструкции да се избегнува Пеленица и да внимаваат каде организираат излети“ рече Атанасов.

Министерството за животна средина до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево за кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со токсичен линдан.

Линданот од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци.

Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан. Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски во интервју за Мета рече дека во целосната документација за ОХИС нема никаква информација дека таму постои складиран линдан во било каков облик и форма. „Целиот проблем е што поради начинот на кој што беше затворен ОХИС, голем дел од документацијата ја нема, некој во брзање не гледал што зема. Тука се изгубени и дел од документите кои што ја третирале депонијата. Според информациите на вработените, таму сигурно има депонија само треба да се испита што е ставено. За разлика од ОХИС, на оваа локација нема направено базени и бурињата се ставани директно во земја со тоа што, како што бев информиран, процесот на распаѓање на бурињата е многу побрз отколку во тие во базените во ОХИС“ кажа Темелковски за Мета.

Поголем дел од скопските училишта секоја година редовно организираа еднодневни екскурзии  токму на Пеленица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.