Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец: Во 2021 година очекуваме конечно одвојување на нечесните од чесните судии

0
By Нова ТВ on December 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2021 година очекувам сериозно да биде третирана темата прочистување на судството. На крајот на оваа година ќе биде презентиран концептот, за кој верувам дека правосудните органи ќе го одобрат, да го усвојат и да видиме конечно конкретни разврски поврзани со одвојувањето на нечесните од чесните судии во 2021, истакна националениот координатор за комуникациски стратегии, Марјан Забрчанец, на конференцијата на Цивил, насловена „Перспективи 2021“.

Понатаму, тој посочи дека за следната година и пописот е една од големите планирани операции.

-Друг важен проект, важна тема која што е од највисок интерес на населението, би рекол повеќедецениски интерес на населението, е пописот. Планираме во април да се спроведе пописот. Тоа е најважната статистичка, можеби и повеќе од статистичка операција за земјава. Немаме спроведено попис повеќе од една деценија. Податоците од тој попис се, и тоа како, важни за проекциите за развој на државата, пред сé, економски и социјални, се разбира, многу помалку политички, дополни Забрчанец.

Тој ја нагласи и важноста на развојот на енергетскиот сектор, првенствено со гасификација на државата.

-Тема што несомнено ќе се наметне, а е економска – новата македонска енергетика. Пред нас се сериозни процеси за гасификација на земјата. Во 2021 се очекува да почне изведбата на секундарната мрежа за десетина македонски градови. Значи, ќе почнат да се подготвуваат планови, ќе тргне реализацијата на поставување на цевките за гас кој што стигаат до домаќинствата во десетина македонски градови. Тоа навистина мислам дека е за одбележување и треба да се нотира. Ќе се зголеми и бројот на фотонапонски централи, на фотоволтаици што го користат сонцето како извор на енергија за производство на струја. Ќе се зголеми бројот на поставени ветерници во Северна Македонија и навистина мислам дека тоа е еден нов економски, енергетски бран, што е во корист и на животната средина, во исто време, истакна Забрчанец на конференцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.