Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец за белградска „Политика“: Регионалното поврзување решава енергетска криза за 12 милиони граѓани

0
By Xhabir Deralla on September 26, 2022 ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На почетокот на септември, Белград беше домаќин на првиот меѓународен саем на вино, храна и туризам во организација на „Отворен Балкан“. Во таа прилика, лидерите на иницијативата – Александар Вучиќ, Претседател на Србија и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, сложно најавија уште поцврста економска соработка и перспективен пат на своите земји кон ЕУ.

За значењето и целите на „Отворен Балкан“ и патот што овој формат го отвора за своите граѓани во надминувањето на бројните предизвици со кои се соочува светот, Марјан Забрчанец, координатор на оваа регионална иницијатива во Владата на Република Северна Македонија, за „Политика“ истакнува:

„Отворен Балкан има јасна политика на отворени врати. Повикот за Црна Гора, Босна и Херцеговина и за Косово е постојано активен, а веќе се забележува дека интерес за соработка покажуваат и земји членки на ЕУ, како што се Грција, Турција и Унгарија“ – изјави Забрчанец во интервју за белградска „Политика“.

Според Забрчанец, односите меѓу Србија и Албанија се најдобри досега, а истото важи и за односите меѓу Република Северна Македонија и Албанија. „Отворен Балкан“ наскоро ќе добие ОБ ИД број, благодарејќи на што граѓаните ќе можат непречано да работат во приватниот сектор на било која од овие три држави, објаснува Забрчанец.

ПОЛИТИКА: Една од целите на „Отворен Балкан“ е создавање единствен пазар на земјите на Западен Балкан. Која улога во тоа ја имаше Винската визија на „Отворен Балкан“? Кои се понатамошните чекори за промовирање на економскиот аспект?

ЗАБРЧАНЕЦ: Значаен исчекор е направен и со формирањето на работни групи, кои имаат за цел основање на заедничка агенција за инвестиции на „Отворен Балкан“, а која првата средба ја остварила за време на саемот. Започнат е и процесот на создавање на единствено инвестициско портфолио како пазар од повеќе од 12 милиони граѓани со целиот човечки, економски и природен потенцијал со кој распологаат државите заедно. Целта е јасна: да се понудиме на големи инвеститори од САД, како и да ги привлечеме ЕУ и светот како регион во кој може да ги шират своите деловни активности.

ПОЛИТИКА: Како би ја дефинирале политичката агенда на „Отворен Балкан“?

ЗАБРЧАНЕЦ: Форматот има јасна политичка цел, а тоа е секоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ. Оваа иницијатива е првенствено европска и не може да биде замена за ЕУ. Сметам дека и односите меѓу Србија и Албанија се најдобри досега, а истото важи и за односите меѓу Република Северна Македонија и Албанија.

ПОЛИТИКА: „Отворен Балкан“ е зона на интерес на народите кои живеат на просторот на Балканот, кажа претседателот на Србија, истакнувајќи дека е тешко да ја урнете оваа иницијатива, затоа што постои голема поддршка од граѓаните во сите три држави. Дали има и такви кои не го поддржуваат ова регионално движење?

ЗАБРЧАНЕЦ: Овие денови во РСМ излезе нова анкета за истражување на јавното мислење, според која „Отворен Балкан“ ужива поддршка на 67 отсто од населението, 16 отсто немаат конкретен став, а само 17 отсто не ја подржуваат оваа иницијатива. Ова е четврта анкета на релевантна организација и агенција според која поддршката за „Отворен Балкан“ е висока. Поддршката е силна и кај Македонците и кај Албанците од Северна Македонија и кај социјалдемократите и кај конзервативците, и кај младите и кај старите, во градските и селските средини. Поддршката, секако, е особено висока во деловниот сектор. Стопанските комори се суштински и витален дел на скоро сите проекти на „Отворен Балкан“, а компаниите се први кои почувствуваа конкретни придобивки.

ПОЛИТИКА: Оваа иницијатива охрабри основање на бројни регионални здруженија?

ЗАБРЧАНЕЦ: Ја спомнуваме иницијативата „Отворен Балкан“, иницијативата за основање на регионален филмски фонд на „Отворен Балкан“, како и регионални музички и културни фестивали, како и иницијативата за реализација на младинска размена, кампови и академија преку кои младите од една земја ќе поминуваат што е можно повеќе време во другите две држави за меѓусебно запознавање, започнување заеднички иновации, работа, политики и настапи. Во подготовка е и иницијативата за основање на регионално студентско радио.

ПОЛИТИКА: Дали „Отворен Балкан“ се доведува во контекст на закана за некоја друга регионална иницијатива?

ЗАБРЧАНЕЦ: Не постои и не може да постои монопол во регионалното поврзување. „Отворен Балкан“ носи конкретни резултати, опипливи придобивки за компаниите и граѓаните, олеснето движење, работење, помош помеѓу земјите во услови на енергетска криза и криза со храна, помош во случај на природна катастрофа. Истовремено – не пречи на ниту една друга иницијатива. Напротив, за нас е важно да има што повеќе иницијативи за регионална соработка. Уверен сум дека тоа што „Отворен Балкан“ нема да стигне за го заврши – ќе биде превземено оф ЦЕФТА, второ од регионалниот совет за соработка, трето од Берлинскиот процес, четврто од регионалната канцеларија за млади, петто од регионалната стопанска комора на Западен Балкан и обратно.

ПОЛИТИКА: Што нè очекува од реализацијата на целите на „Отворен Балкан“ до крајот на годината?

ЗАБРЧАНЕЦ: Многу брзо ќе се активира идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“ (ОБ ИД број), благодарејќи на што граѓаните ќе можат непречано да работат во приватниот сектор во било која од овие три држави, без нотрификација на диплома, без чекање за разни дозволи и без било какви други административни бариери. Исто така, во завршна фаза е подготовка на воспоставување на единствен електронски ситем за наплата на патарина во сите три земји на „Отворен Балкан“. На крај, пред нас е тешка зима во енергетска и економска смисла, па „Отворен Балкан“ е мобилизиран на ниво на кризна работна група за да се обезбеди секоја од трите држави лесно да ги поминат ладните месеци.

Жељко Шајн
специјално за „Политика“

Превод од српски: Н. Цветковска/Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.