Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зад стоговите сено“ прв филм снимен во грчко-германско-македонска копродукција триумфираше на церемонијата на Грчката филмска академија

0
By Ана Василевска on June 29, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сцена од „Зад стоговите сено“
Сцена од „Зад стоговите сено“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се надеваме дека културната соработка помеѓу двете соседни земји ќе продолжи и во иднина“, соопштуваат од Сектор филм, продуцентската куќа која е копродуцент од РС Македонија на „Зад стоговите сено“. 

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“/”Behind the haystacks” на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција помеѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија.

Дебитантскиот игран филм „Зад стоговите сено“ на младата режисерка Асимина Проедроу од Грција постигна исклучителен успех на церемонијата на доделување на наградите на Грчката филмска академија (Hellenic Film Academy Awards 2023), што се одржа на 27 јуни во Атина, Грција. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди, и тоа: за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот.

Наградите на Грчката филмска академија 2023 или Грчките Ирис награди (Hellenic Iris Awards) се збир на награди кои секоја година ги доделува Грчката филмска академија за извонредност на филмските достигнувања во грчката кинематографија.

Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Северна Македонија. Македонски продуцент е „Сектор филм“, предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември 2022 година, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа – Индија.

Снимањето на филмот се одвиваше на територијата на Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во Северна Македонија во текот на 2021 година, кога сѐ уште беа на сила ковид-протоколите. Дејствието на филмот се одвива во 2015 година. Приказната во филмот зборува за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Северна Македонија.

Филмот беше поддржан како малцинска копродукција од страна на Агенцијата за филм на РСМ и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела на Советот на Европа – Еуримаж.  Главен продуцент е „Аргонаутс продукција“, која соработуваше со „Сектор филм“, продуцентска куќа од Скопје, и „Фикшн парк“ (Fiction Park) од Германија. Покрај културолошката димензија, снимањето на филмот има и пошироко значење, бидејќи претставува прва соработка помеѓу грчките и македонските филмаџии по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Се надеваме дека културната соработка помеѓу двете соседни земји ќе продолжи и во иднина!

 

Макдонско-грчка копрудукција Сектор филм филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.