Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заедничкиот регионален пазар: Соба за чекање или брза лента кон економска интеграција во ЕУ?

0
By Mirjana on February 8, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Photo: Euractiv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативата за Заеднички Регионален Пазар (ЗРП) за шесте земји на Западен Балкан претставува чекор напред кон продлабочување на регионалната економска интеграција која започна со ЦЕФТА2006 и треба да кулминира со интеграција на земјите на Западен Балкан во Европската Унија. Целта на иницијативата е да се искористат бенефитите од проширување на пазарот и зголемување на квалитетот на производите и услугите правејќи го регионот поатрактивен за странските инвеститори. Сепак, пред реализацијата на новиот Акциски план за заеднички регионален пазар 2021-2024, остануваат неодговорени неколку клучни прашања: ЗРП иницијативата се базира на правилата и принципите на ЕУ, но до која мера ЗРП иницијативата помага во ЕУ интеграцијата на Северна Македонија, дополнително на унилатералното усогласување на земјата со стандардите за интеграција во ЕУ? Понатаму, политичките тензии кои постојат помеѓу земјите на Западен Балкан ги забавуваат индивидуалните процеси на земјите во ЕУ интеграцијата. Дали ЗРП може да ги намали политичките фикции помеѓу антагонизираните соседи? И конечно, дали постојат економски ограничувања и ризици што ја прават реализацијата на ЗРП проектот „тврд орев“?  – се наведува во новото истражување за регионална интеграција на Западен Балкан, објавена денес од Finance Think, со наслов Заедничкиот регионален пазар-соба за чекање или брза лента кон економска интеграција во ЕУ ?

Новата студија за регионална интеграција на Западен Балкан има за цел да ги нагласи бенефитите, но и главните ризици при реализацијата на иницијативата за ЗРП за Северна Македонија, како и комплементарноста на ЗРП со ЕУ интеграцијата. Имено, ЗРП иницијативата може да се гледа од две перспективи, како регионална соба за чекање за одложена интеграција во ЕУ или брза трака кон економска интеграција која води до членство во ЕУ. Првото претпоставува дека ЗРП е посебен процес и секоја земја е одговорна за својот пат кон ЕУ, додека второто претпоставува комплементарност помеѓу ЗРП и ЕУ интеграцијата и меѓузависност на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

Студијата ги наведува следните три димензии како клучни во разбирањето на комплементарноста на иницијативата со ЕУ интеграцијата.

Прво, економската димензија претпоставува дека проектот на ЗРП се соочува со објективни предизвици во поглед на ограничен потенцијал за трговска размена во рамките на Западен Балкан, нееднаква распределба на придобивките и загубите по интеграцијата и неусогласеност во градење на стратегии за привлекување на СДИ.

Тешко е да се аргументира дека ЗРП ќе ја зголеми интрарегионалната трговска размена имајќи ги во предвид опаѓачки тенденции во трговската размена. Имено, учеството на земјите од Западен Балкан во увозот и извозот на Северна Македонија опаднало од  19.5% во 2010 на 11.6% во 2019 година.

Главна улога во дистрибуцијата на придобивките и загубите по интеграцијата, ќе ја имаат: големината на пазарот, акумулацијата на квалификуван кадар и развојот на инфраструктурата. Структурните карактеристики на индустриите на земјите од Западен Балкан може да предизвикаат промени во производната структура во регионот во текот на регионализацијата, во корист на поголемите и „опремени“ со квалификувана работна сила, предизвикувајќи регионални дисторзии и можни победници и губитници.

Не помалку важно, малите земји, како што е Северна Македонија, можат да имаат бенефит од планираниот координиран пристап во привлекување СДИ, предвиден во ЗРП, имајќи ја во предвид сегашната неконкурентна позиција на Северна Македонија во сегашното конкурентно окружување во рамките на Западен Балкан.

Второ, формалната димензија претпоставува дека ЗРП иницијативата предизвикува прогрес во критериумите релевантни за ЕУ интеграција на секоја од земјите во Западен Балкан. Нашата квалитативна анализа покажува дека ЗРП и ПГП РЕЗ директно допира до 20 од 33 поглавја од критериумите за влез на Северна Македонија во ЕУ. Акцискиот план за ЗРП треба да предизвика прогрес во критериумите развиени да создадат функционална пазарна економија и изградат подготвеност на македонската економија да се приклучи на европскиот интегриран пазар во иднина. Но, усогласувањето со обврските од ЕУ и развојот на стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото и заштита на основните човекови права останува во одговорност на Северна Македонија надвор од ЗРП иницијативата, доколку земјата има аспирации за забрзано интегрирање во ЕУ.

Конечно, политичката димензија претпоставува дека економските сили водени од ЗРП и Отворен Балкан иницијативите ќе го разбијат политичкото „лимбо“ на Западен Балкан и ќе ја променат политичката перспектива кон проширување на либерализацијата занемарувајќи ги постоечките политички тензии помеѓу земјите. Историјата на интеграцијата во ЕУ покажува дека сегашните членки успешно ги надминале сериозните политички конфронтации и војни во минатото и ги разбрале бенефитите од припаѓањето на поголем блок со што формирале „ЕУ клуб“ проширувајќи го во неколку наврати.

Анализа: Finance Think

 

АНАЛИЗА ФАЈНАНС ТИНК ЗАЕДНИЧКИ РЕГИОНАЛЕН ПАЗАР Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.