По денешниот Совет за безбедност, премиерот Зоран Заев, беше запрашан зошто не одговора на повикот на опозицијата за лидерска средба посветена на односите со Бугарија.
Заев рече се работи да се исполнат обврските од Договорот од 2017 година и да се најде европско решение, а реториката што ја користи во моментот опозицијата не оди во прилог на таквото решение.
-Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам, но во моментот се работи да се постигне европско решение и да се постигне договор по кој ќе продолжиме на патот кон ЕУ, рече Заев.
Претседателот Пендаровски кон ова додаде дека Договорот како таков е гласан и од опозицијата во 2017 година.