Премиерот Заев при гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 коментирајќи ја одлуката за вето на Бугарија, покрај разочараност и како што вели „поразот на ЕУ“, со доза на оптимизам истакна дека шансите се уште постојат одлуката да се смени до декември. При тоа го потенцираше залагањето на Германија на чело со Меркел, Рот и Мас.
– Благодарен сум на тоа што го прави Германија на чело со канеларката Меркел, како и Рот и Мас. Верувам дека и ЕУ прават позитивни напори. Со Фон Дер Лајен се договоривме да продолжиме со преговорите, затоа што не се исцрпени сите можности по денешниот совет на министри“, рече Заев.