Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса е осуден на развод, не одат заедно „Чиста Македонија“ и „Македонци Варвари“

0
By НОВА ТВ Balaban on October 3, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ вечерва во Тетово истакна дека СДСМ обезбеди сериозна помош за општините, прво 50 милиони евра за раздолжување, а потоа, преку разни програми вложувања од 500 милиони евра во реализација на над 7.000 проекти, секој од нив важен за граѓаните.
Меѓу тие над 7.000 проекти се и изградба на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов училишен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, изградба на патот Благоја Тоска, реконтрукција на СОУ Кирил Пејчиновиќ, наведе Заев.
Тој ги повика граѓаните на претстојните избори за го поддржат кандидатот на СДСМ и на Коалицијата за градоначалник на Тетово, Хамдија Елезовиќ, како и советничката листа предводена од Илија, бидејќи имаат визија и конкретна програма, со реални остварливи програми.
„Со Елезовиќ и СДСМ сте на сигурно, со нив го имате Најдоброто за Тетово“ порача Заев.
Пред Тетовчани се обрати и кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Хамдија Елезовиќ.
-Општина Тетово во иднина ја гледам како развиена и модерна општина, во која секој граѓанин ќе може да добие почист воздух, почиста околина, повеќе зеленило, уредени улици и тротоари и поквалитетен живот, истакна кандидатот за градоначалник на општина Тетово на СДСМ и Коалицијата Хамдија Елезовиќ
Изградба на објект за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, е на врвот на нашата агенда, рече Елезовиќ, најавувајќи и тетовско шеталиште, со уреден јавен живот и зелени површини со подигање на парк со патеки и други содржини од населбата Деребој до Тетовското Бањиче, но и стимулирање на отварање на продавници, пекраници, занаетчиски дуќани, кафеани, кујунџии, вајари и други бизниси, чија дејност е типичен белег на Тетово,рече Елезовиќ.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник за Брвеница Мирко Стојановски и советниците предводени од носителката на кандидатската советничка листа, Светлата Стаматовска денеска го презентираа пред жителите “Најдоброто во Брвеница”.
Претседателот Заев во своето обраќање до граѓаните истакна дека продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура со реконструкција на улиците, локалните и полски патишта, водоводите и канализациите, и покрај тоа што беа наследени општини заглавени во долгови, без визија за иден развој.
“Ние подадовме рака на општините и за четири години ги кренавме на нозе и денес тие се подготвени да се натпреваруваат меѓу себе, која поквалитетно и побрзо ќе го донесе Најдоброто за своите граѓани. Мирко покажа дека гради општина за сите, во којашто сите имаат еднакви шанси за успех. Со поддршката што ја има од централната власт направи многу, а ќе направи уште повеќе и ќе успее во Најдоброто. Знаете дека Мирко Стојановски работи на Брвеница како општина со европски вредности, сака, знае и може трендовите на развојна економија од централно ниво да ги пренесе и во општина Брвеница – и јас и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ му веруваме”, рече претседателот на СДСМ Заев.
Тој подвлече дека во изминатите четири години реконструирани се повеќе локални патишта, меѓу кои патот Милетино – Челопек, собирната улица во с. Челопек, општинскиот пат до с. Трново, општинскиот пат од с. Милетино до с. Блаце, како и капитални проекти како изградба на основно училиште во општина Брвеница, изграден систем за одведување отпадни води за населените места Брвеница и Долно Седларце, изградба на детска градинка со капацитет за 80 деца.
“Ние сме фокусирани на услуги за граѓаните, а не на злоупотреба на парите на граѓаните. Така и ќе продолжиме, во следните четири години. Ќе биде комплетно завршена канализациската мрежа, а заокружувањето на проектот ќе биде од големо значење за општината и за граѓаните кои нема повеќе да плаќаат за празнење на септичките јами. Проектот ќе го реши проблемот на околу 16.000 граѓани од оваа општина. Ќе биде изградена клучката за излез и влез кон Скопје од голема важност за општината со што ќе се реши прашањето со сообраќајниот метеж”, рече претседателот Заев и додаде дека е планирана и реконструкција и изградба на постоечкиот, инаку руиниран систем за наводнување кој ќе биде ставен во функција, со што ќе се олесни на земјоделците во проблемот со наводнувањето.
“Знаете дека силно сме посветени на рамномерниот регионален развој и дека за нас нема делби и поделби по ниту една основа. Така ќе продолжиме да работиме. И вие знаете, ова е Најдоброто. 12 за нов градоначалнички мандат на Мирко Стојановски. Ве повикувам да заокружиме сите 12 на изборите на 17 октомври”, заклучи претседателот Заев.
Елезовиќ Заев Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.