Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до борците од првите линии со КОВИД-19: Вие сте нашите херои, сите сме ви должни

0
By Нова ТВ on December 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска имаше работен состанок преку видео врска, со претставниците на Министерствата за здравство, внатрешни работи и одбрана, како и припадниците на Црвениот Крст и Противпожарната бригада, кои изминатата година беа во првите редови во борбата и справување со кризата која произлезе од КОВИД-19. На состанокот премиерот Заев имаше можност изворно да се запознае и да се информира од одговорните кои целокупниот изминат период работеа во позадина и со своите активности придонесуваат во успешно справување со пандемијата.

Во името на Владата на Република Македонија и во име на сите граѓани, премиерот Заев им се заблагодари на сите кои придонесоа во успешно менаџирање на кризата и рече:

„Во оваа борба, за совладување на здравствената криза со пандемијата, во првите редови се вклучени лекарите и целиот медицински и друг помошен персонал во болниците, припадниците на МВР, нашите граѓани во униформа и цивилниот персонал на Армијата, волонтерите на Црвениот Крст и на другите хуманитарни организации, припадниците на противпожарните единици и сите останати вклучени во системот за справување со кризи. Сите вие, изминативе месеци, сте на првата линија во борбата со опасниот и непредвидлив вирус, притоа доведувајќи го сопственото и здравјето на своите блиски во опасност”, истакна премиерот Заев.

Директорката на Клиниката за инфективни болести и координаторот на ковид центрите на интерните клиники докторите Милена Стефановиќ и директорот на Клиниката за пулмологија д-р Дејан Докиќ го информираа премиерот за моменталната состојба во клиниките и ковид центрите, оперативните планови кои се во функција и тековната координација околу очекуваното вакцинирање на популацијата со која ќе се стави крај на пандемијата.

Бригадирниот генерал Бесник Емини и потполковничката Елизабета Наумовска – Петрески брифираа за моменталниот ангажман на Армијата и Министерството за одбрана чии припадници се распределени на стратешки локации и им помагаат на здравствените власти и полицијата цел овој изминат период успешно да ја менаџираат состојбата на терен.

Армијата им припаѓа на граѓаните и тука е да служи на нивните потреби, целокупниот овој период припадниците помагаат и на терен но и во самите ковид центри со што се олеснува целокупниот притисок врз здравствениот систем истакнаа Емини и Наумовска – Петрески.

Началникот на Бирото за јавна безбедност Благојчо Спасов кој беше придружуван од неговите колеги од СВР Скопје и СВР Куманово – Насер Ајдини и Пеце Скаклески го информираа премиерот за моменталната состојба на терен, активностите на полицијата во спроведувањето на тековните задачи и задачите кои произлегуваат од одлуките на Владата за заштита на населението во услови на корона криза. Началникот на ЕИЈ од СВР-Скопје Скаклески информираше дека во тек на целата пандемија само на ниво на Скопје се исконтролирани и доставени околу 50.000 решенија за изолација и уште толку семејства и индивидуи се исконтролирани со што се спречува ширењето на вирусот и се штити населението.

На состанокот беа присутни и претставници на Црвениот Крст кои со преку 500 волонтери и мобилни тимови од почетокот на пандемијата се на терен и им помагаат на бездомниците, социјално загрозените семејства како и на граѓаните на кои им е потребна помош. Александра Ристовски, како координатор на програмите на Црвениот Крст, рече дека како организација се постојано и активно вклучени во помош на локалното население но и во помош на МВР и Армијата во случаи каде што има мигранти кои ја поминуваат нашата територија и на кои им е потребна помош, но и скрининг преку кој се набљудува нивната здравствена состојба и блокирање на можност за инфицирање со КОВИД-19. Тука се и мобилните тимови на јужната и северната граница кои се постојано на терен и нудат помош и поддршка на граѓаните.

Командантот на противпожарната бригада – Владимир Симоновски информираше за редовното работење на пожарникарите и нивните активности кои се ставени во функција на здравствениот систем, помош и поддршка на граѓаните во нивните дневни активности и потреби.

На крајот премиерот Заев им посака на сите пријатни претстојни празници со желба за здравје и успех во нивните работни задачи и им порача дека тие се хероите на нашето време!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.