Премиерот Зоран Заев конечно се најде испровоциран од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој со навреди и омаловажувања кон Македонија прави рејтинг во Бугарија. На својот ФБ профил тој го повика Каракачанов да престане со говорот на омраза.
-Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.
Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.
Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.
Доста беше омраза!- напиша Заев.