„Носам со себе победнички дух. Се надевам со сите наши активности коишто ќе претстојат ќе го скршиме режимот на Никола Груевски, со што пред сѐ и над сѐ ќе свртиме внимание кон нашите политики, коишто можеме да ги понудиме на граѓаните на Република Македонија. Прва и примарна задача е да бидеме силна опозиција во државата, а тоа секако дека ќе го постигнеме“, истакна Зоран Заев новиот претседател на СДСМ.
На прашањето кога ќе биде познат новиот Извршен Одбор, Заев со одговор дека по консултациите со членовите на Централниот и Надзорниот Одбор, најдоцна до 30 јуни ќе биде познат составот на Извршниот Одбор, како и потпретседателите, генералниот секретар, организациони секретари, односно најважните позиции во СДСМ.
Како ја коментира одлуката на неговиот противкандидат Зоран Јовановски повеќе да не биде активен во партијата, Заев рече дека е среќен што тој оставил одлична можност за соработка во иднина.