Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Доцниме со реформите во образованието, но нема ни да избрзуваме

0
By Нова ТВ on February 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да создадеме национален, македонски модел на основното образование, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое почна јавната собраниска расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование.

Треба да се имаат предвид, рече, инклузивноста, еднаквоста, родовата рамноправност и мултикултурализмот и други аспекти на нашиот концепт „Едно општество за сите“.

– Овие денови се слушаат гласови дека брзаме со образовната реформа. Моето мислење е спротивно – ние доцниме со реформите во образованието. Тие требаше да се случат пред десетина години зашто како неопходност ги наметнуваше исклучително брзиот развој во сите општествени сфери кои бараат образование во чекор  со динамичните и прогресивните промени. Кога велам доцниме, истовремено велам дека и нема да избрзаме. Ќе работиме на тоа да дизајнираме најсоодветна образовна реформа, која е во најдобар интерес за децата. Со таков иновативен и применлив образовен модел, да му овозможиме на секое дете преку образованието да го постигне својот максимален потенцијал. Затоа, првпат во последната деценија во нашата држава, се прават реформи на транспарентен начин и вклученост на сите страни, а во најдобар интерес на учениците, истакна Заев, додавајќи дека досегашните консултативни дебати и оваа јавна расправа ќе помогнат да се расчистат и некои дезинформации во однос на првичниот нацрт на концепцијата.

На пример, рече, со презентацијата на нацрт-концепцијата јасно се покажува дека со предметот Општествени науки не се укинува предметот Историја или други предмети, туку содржините од нив се предвидуваат да станат задолжителен дел од новата наставна програма. Не се предвидува ниту намалување на наставници по Историја, Географија и Граѓанско образование, туку продолжуваат, рече, заедно да ја планираат наставата со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин.

Додаде дека концепцијата им овозможува и кариерен развој на наставниците и дека се темели на анализа од експерти и меѓународни институции и дека е дел од Стратегијата за образование 2017-2025 и е предвидена со Законот за основно образование донесен минатата година.

Министерката Мила Царовска во обраќањето истакна дека реформите во образованието се нужни, зашто се во интерес на сите деца во државата, и овој процес не смее да запре зашто секоја учебна година нашите деца, како што рече, учат од неквалитетни учебници, следејќи несоодветна програма, а тоа нанесува огромни штети на младите генерации.

-Сите истражувања потврдуваат дека нашите деца не се стекнуваат со потребните вештини и не можат да го развијат својот полн потенцијал поради лошиот образовен систем. Според ОЕЦД, учениците до 14 години од Северна Македонија добиваат околу 900 часа помалку настава во споредба со другите земји членки, а според УСАИД, нашите деца имаат тешкотии во основни вештини, како што се читање со разбирање и одземање. Нивните тестирања  покажуваат дека помалку од 40 проценти во второ одделение ги завршиле задачите со прочитан текст, наспроти меѓународното мерило од 80 проценти. Овие податоци значат уништени генерации и запоставени и заборавени идни човечки потенцијали, рече ресорната министерка, која во обраќањето зборуваше за придобивките од новата концепција.

Членови на работната група кои ја креираа Нацрт-концепцијата, Виолета Петровска-Бешка и Кирил Барбареев, ја претставуваат пред присутните на јавната собраниска расправа, која денеска ја организира матичната Комисија за образование, наука и спорт. Присуствуваат претставници на Владата, МОН и од органите во негов состав, од државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, од МАНУ, невладини и меѓународни организации…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.