Трет претседателски мандат за Зоран Заев во владејачката партија СДСМ. На прес конференцијата изјави дека за краток период добил доверба од различни страни.
Нов стандард на македонскста политичка сцена, СДСМ испишува историја, Вистинските државотворни партии ја имаат одговорноста да ја унапредуваат демократијата во своите редови но и во татаковината
„Прво довербата од граѓаните на последните парламентарни избори и честа да ја водам владата и да му служам на овој народ и на оваа наша прекрасна земја. Доверба искажаа и пратениците во највисокиот законодавен дом – Собранието. Денеска македонските социјалдемократи ставија потпис и печат на нивната доверба во мене. Епилог кој е уште еден доказ за тесната поврзаност меѓу вербата и довербата. Ми укажавте голема чест по трет пат да ја водам партијата. Ова е голема одговорност за мене“, порача Заев.
Тој рече дека во следните четири години СДСМ да биде локомотива која ќе го движи нашето општество напред.