Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Економските владини политики даваат резултати, приходот од придонеси не бил никогаш повисок

0
By Нова ТВ on August 30, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев на седницата на која го образложи Предлогот за избор на двајца нови министри за финансии и за министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, во реплика на пратениците од опозициската партија истакна дека предлогот е во согласност со континуитетот на економските успеси. 

-Приходот од персонален данок е повисок за 15,6 проценти. Повисок е порастот на придонесите во државата. Комплетно растат сите параметри. Доаѓаме со Ребаланс на Буџетот веќе од следната недела, каде што буквално ќе имаме максимална реализација на Буџетот скоро во сите аспекти. И, дефинитивно сите економски политики потврдуваат намалување на невработеноста и тоа во огромен процент, раст на Бруто домашниот производ (БДП), историски раст на инвестиции…, рече премиерот Заев додавајќи дека конечно сите економски параметри покажуваат дека опозицијата се плаши од економските резултати.

Заев посочи дека сите ефективни мерки се на очиглед на јавноста и повтори дека 4,1 проценти е растот на БДП, пет проценти е намалена невработеноста и изнесува 17,8 проценти. 

-Индустријата расте над 8 проценти, приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10 проценти од лани и сето ова е доказ дека економијата живее. Странските инвестиции се највисоки од било кога, од осамостојувањето на нашата држава, 625 милиони евра странски инвестиции имавме лани и годинава продолжува трендот, истакна премиерот Заев пред пратениците.

Тој повтори дека овој тренд на зголемување на инвестициите ќе продолжи, бидејќи економијата секогаш расте кога земјите се интегрирале во НАТО и во ЕУ и кога економските политики на Владата давале резултати исто како и кај нас.

-Мој ДДВ минатиот месец донесе 15 милиони евра, и овој месец нови 15 милиони евра носи, економските мерки даваат резултати затоа што се суштински, рече премиерот Заев додавајќи дека тие пари ќе се вратат кај граѓаните и ќе делуваат на нивниот повисок стандард. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.