Централниот одбор се согласил со предлозите за министри во Владата, потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според предлогот распоредот на министерските места изгледа вака:
Вицепремиер за економија – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски
Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров
Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министерство за правда – Бојан Маричиќ
Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска
Министерство за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министерство за култура – Ирена Стефоска
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска
Министерство за локална самоуправа треба да го води министер од коалицискиот партнер ЛДП, а министерството за земјоделство, кандидат од Беса.
Министерствата се намалуваат на 19, од кои СДСМ има 11. Заев нагласи дека осум министерства со ресор имаат по четири министри жени и четири мажи.
Носиме одлука за избор на одговорни, отчетни, професионални и посветени кадри кои ќе ја имаат задачата да ги предводат институциите и да испорачаат резултати кон граѓаните, напиша Заев на својот фејсбук профил додека се уште трае седницата на Централниот одбор на партијата.
– Пред Централниот одбор ги презентирам принципите и вредностите на идната владина коалиција. Во новиот, полн мандат ќе покажеме дека може да работиме и повеќе и подобро во остварување на програмата која води напред, на вистинскиот, на европскиот пат, патот на економијата и правдата, посочи Заев.