Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Груевски е фатен во криминал и треба самиот да замине од политичката сцена

0
By Нова ТВ on April 19, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дождот не ги спречил жителите на беровско Русиново да излезат во голем број и да го пречекаат претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој в очи на христијанскиот празник Велигден беше во посета на населените места во Малешевијата.

Во обраќањето пред нив претседателот на СДСМ презентирал повеќе мерки од програмата на СДСМ кои ќе допринесат за вистински промени во Македонија, и кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани, информираат од СДСМ.

Лидерот на најголемата опозициска партија посочил дека во секоја нормална демократска држава, кога ќе се обелодени криминален скандал директно поврзан со премиерот на државата тој веднаш се повлекува од политичката сцена, а институциите на државата ги превземаат сите мерки за негово расчистување.

„Снимките покажуваат огромен скандал. Не само што Груевски примил 1,5 милион евра во кеш туку и затаил данок со што ја оштетил и државата, буџетот, граѓаните. Никола Груевски треба да замине од политичката сцена. Секој политичар во светот, ако се фати во ваков криминал, веднаш самиот си заминува од политичката сцена. Наместо да се преземат мерки, и тоа веднаш, за расчистување на овој криминал, власта прави се да го забошоти“, рекол Заев.

„Не знаејќи што да направи власта вели дека записот што го презентиравме, каде што Груевски го договара кешот, наводно бил монтажа, дел од гласот не бил на Груевски. Па точно е дека дел од гласот не бил на Груевски, едниот дел е на Груевски, другиот на газда Нини а третиот на соговорникот. Снимката е автентична и гласот е на Груевски. И граѓаните многу добро можат да проценат дека тоа е гласот на Груевски затоа што преку провладините медиуми секојдневно се бомбардирани токму со неговиот глас“, додал Заев.

Жителите на Русиново се револтирани од помислата дека се одлеваат огромни пари во нечии џебови додека граѓаните мака мачат со сиромаштијата, невработеноста и крпат крај со крај, соопштуваат од СДСМ.

Во наше Русиново уште канализацијата не е довршена, не поделија по партиска линија, се жалеле жителите.

И жителите на таканаречениот Ромски рид во Берово срдечно го пречекале претседателот на СДСМ. Се пожалиле на големата сиромаштија и тешкото секојдневие.

Посетата на малешевскиот регион претседателот на СДСМ ја продолжил во центарот на Берово, каде остварил повеќе средби со граѓаните а се сретнал и со младите беровци.

Младите се жалеле дека се повеќе нивни врсници заминуваат од градот барајќи работа и подобра иднина.

Заев потенцирал дека на Македонија и се неопходни промени за да се подобри животот.

„Моќта е во секој човек. Зад параванот сме сами, со нашиот глас одлучуваме дали Груевски ќе продолжи на овој начин да ја краде земјата и да ја држи во заложништво или ќе тргнеме напред во подобра иднина за сите“ порачал претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред беровци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.