Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, го смета како позитивен чекор писмото на Груевски до Самарас. Тој ја поздрави оваа иницијатива на премиерот и очекува таа да послужи како чекор напред кон решавање на долготрајните разлики околу името.
Заев вели дека СДСМ нуди позитивна поддршка за сите иницијативи кои се однесуваат на разговорите. Тој нагласи дека Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, изјави Заев за „24 Вести“.
-Испраќањето писмо од страна на премиерот до Самарас го оценувам како позитивен исчекор. Сè е позитивно ако се направи исчекор во решавање на одредени горливи проблеми за нашата земја, а ова е горлив.
Исчекор е од страна на премиерот, го поздравувам. Не знам детали, но што ми кажува тоа? Ми кажува дека премиерот на мојата земја не е со ист став со претседателот на државата. Штом пушта писмо за компромис, за изнаоѓање решение, не е ист со ставот којшто претседателот го даде во една телевизиска емисија. И малите деца знаат дека тоа е супер посакувано, но не е решение, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.