Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев го напушти Собранието, по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. И двајцата не дадоа изјави за новинарите.
Од СДСМ велат дека собранискиот спикер, Талат Џафери го повикал Заев за лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори.
Средбите на Заев со Џафери и Ахмети следуваат по денешното барање за гласање доверба на Владата поднесено со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.
Претходно, Заев на „Фејсбук“ порача дека нема да дозволи Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упрoпастат државата.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за доверба на Владата во четврток во 11 часот.