Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Корчок: Билатералните прашања да се решаваат надвор од ЕУ

0
By Нова ТВ on February 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Иван Корчок.
На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е поздравено лидерството на премиерот Заев во решавањето на прашањата од важност за евроатлантските интеграции, како и во напредокот на нашата држава.  Соопштено е дека е препознаен реформскиот развој во сите области во земјава и е најавено дека Словачката Република ќе продолжи да го поддржува развојот на државава и напредокот кон ЕУ.
На средбата е изразена заедничка согласност дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ е од значење и за Унијата и за целиот Западен Балкан и е реафиримиран ставот на Словачка дека билатералните прашања треба да се решаваат независно од европските процеси.
-Наша стратешка цел се евроинтеграциите и тоа го покажува поддршката на граѓаните за евроинтеграциите. Посветени сме на европеизација на државата дома, а на европски начин, низ дијалог и меѓусебно разбирање работиме на прашањата што се во полза на добрососедството.  2020 година беше значајна година за нас, кога станавме членка на НАТО и е донесена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа отвори простор да се фокусираме на економскиот развој, преку помош и поддршка на граѓаните и стопанството – и во време на пандемијата бележиме раст на просечната плата, како и на нови инвестиции, истакнал премиерот Заев.
На состанокот, како што стои во соопштението од Владата, заеднички е потврдено дека владеењето на правото во секоја држава значи сигурност и за граѓаните и за инвеститорите и дека е меѓу важните предуслови за развој.
Премиерот Заев и словачкиот министер Корчок оцениле дека билатералните односи помеѓу двете држави се добри на политички план, како и е дека постојат можности за унапредување на соработката на економски план.
Претседателот на Владата, Заев, се заблагодарил на словачката Влада и на граѓаните на Словачка за денешната донација на 4 модерни и технолошки софистицирани респиратори во вкупна вредност од 100.000 евра, за донацијата од 200.000 евра преку ЕУ механизмот за цивилна заштита во октомври 2020 година, како и за пријателската поддршка од Словачка на Република Северна Македонија, во сите области.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.