Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Мицкоски различни за договорот а на иста страна за референдумот

1
By Нова ТВ on June 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 13, 2018 17:13

Дали референдумот ќе биде организиран претходно или по ратификацијата на меѓународниот договор со Грција е секако важно прашање но не е од толку големо значење колку што е прашањето дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, смета аналитичарот Сашо Клековски по вчерашната објава на Владата дека постигнала договор со Грција за решавање на повеќе деценискиот проблем со оваа земја.

 

Ако референдумот биде задолжителен факт е дека Собранието нема да може да ја игнорира волјата на граѓаните. Претпоставувам дека Владата како иницијатор на референдумот има обезбедено мнозинство во Собранието“, вели Клековски.

Формулацијата на референдумското прашање е од клучно значење

Анализирајќи ги случувањата по постигнувањето на договорот, Клековски смета дека во овој момент најважно е отвори широка дебата на која ќе се разговара за референдумското прашање.

„Мојата дилема е дали референдумското прашање ќе биде дали го прифаќаме договорот или пак дали ќе одговараме на прашање за името. Затоа што договорот е многу повеќе од името. Со неговата комплексност се менува и смислата на прашањето за кое ќе се гласа на референдумот“, вели Клековски.

За политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети помалку важно е како технички ќе биде организиран референдумот. Според него поважно е како одговорните институции ќе реагираат после добивањето на резултатите од гласањето на граѓаните.

„Какви и да бидат резултатите од референдумот најважно ќе биде тие да бидат испочитувани и да бидат приказ на реалната волја на гласачите. Ние уште не знаеме дали ќе биде задолжителен или консултативен референдумот. Не знаеме какво ќе биде прашањето, уште помалку може да зборуваме за излезноста а во јавноста веќе се создаваат тензии. Ете и да не биде задолжителен референдумот сепак зрели и одговорни политичари ќе мора да ја земат во предвид волјата на граѓаните“, вели Мехмети.

Заев и Мицкоски на различни страни за договорот на иста за референдумот

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната прес конференција изјави дека неговата партија нема да го промени ставот дека е против промена на Уставот, за промена на уставното име и дека со договорот премиерот Зоран Заев потпишал капитулација. Но и покрај ваквиот став, Мицкоски рече дека ќе излезе да гласа на референдумот најавен за оваа есен.

„Ако Зоран Заев се обиде шверцерски да го протне овој така наречен договор или капитулација во Собранието, мора да знае и да биде свесен дека конечно мора да има задолжителен а не консултативен референдум. Јас како Христијан Мицкоски ќе гласам против на тој така наречен договор “, рече Мицковски.

Премиерот Зоран Заев се’ уште не е сигурен дали референдумот ќе биде задолжителен или консултативен затоа што, како што рече вчера на прес-конференција „Уставот ги дава двете можности“.

„Но и да биде задолжителен директно ќе значи задолжение за институциите на државата. Но и да биде консултативен повторно ќе значи задолжение за институциите на државата. Верувам дека со нив заедно ќе одлучиме како тоа ќе биде. Во секој случај конечниот збор за овој договор ќе го кажат граѓаните а после тоа и соодветно институциите на Македонија“, рече Заев.

Од два државни референдуми само еден успешен до сега

Референдум е облик на непосредно учество на граѓаните во вршење на државната власт и донесување политички одлуки. По пат на референдум граѓаните се изјаснуваат (непосредно и тајно) дали се за или против одреден закон, акт, политичка или друга одлука кои се веќе донесени или нивното носење се планира.

На државно ниво до сега во Македонија биле организирани два референдуми од кои успеал само оној за осамостојување на Република Македонија.

Првиот и за сега единствено успешен референдум следеше откако првиот повеќепартиски Парламент ја усвои Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година и донесе  одлука за распишување на референдум на 8 септември 1991. Тогаш граѓаните одговараа на прашањето „дали се за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Според официјалните податоци, на гласањето, од 1.495.807 регистрирани гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас (71,8 отсто). Од вкупниот број кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани (95,2 отсто).

Вториот референдум во независна Македонија, се одржа седми ноември, 2004 година кој беше распишан со цел изјаснување на граѓаните во врска со ново усвоениот Закон за територијална организација на Република Македонија.

На референдумот мнозинството се искажало против новата територијална поделба, но референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста беше 26,5 отсто со што не бил постигнат законски потребниот процент од 51 отсто излезеност на вкупниот број избирачи.

Според Законот за референдум, во Македонија може да се распише државен или локален референдум. Тој може да биде претходен или дополнителен. Референдум на државно ниво не може да се распише за прашања за кои

Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Референдуми во светот

Одржувањето на референдуми во светот е стара пракса. Во зависност од историските прилики и степенот на развој на демократијата, практикувањето на одржување на референдум варира од земја до земја.

Во Швајцарија референдумот игра значајна улога во политичкиот живот на земјата. Ваквото изјаснување на граѓаните е регулирано со Уставот. Во оваа европска земја единствено граѓаните одлучуваат за тоа кога и за што ќе се одржи референдум. Референдумите во Швајцарија се одржуваат во недела, во просек три до четири пати во годината.

Данска редовно спроведува референдум секогаш кога мора да потврди некој нов договор со Европската унија. Единствен пат кога тоа не го направила е прифаќањето на Лисабонскиот Договор.

Спротивно на оваа пракса е онаа во Франција. Таму институтот референдум е воведен за време на владеењето на Шарл Де Гол. Во пракса се одржува ретко, и тоа најчесто на иницијатива на Претседателот на државата и се однесува за уставни промени, ратификација на договори или одредени закони.

Во Холандија пак, според законските прописи не е можно организирање на национален референдум. Единствен во изминатите 200 години е одржан во 2005 година кога се одлучуваше за Уставот на Европа. Неговото одржување беше овозможено со донесување привремен закон само за таа прилика.

Норвешкиот Устав никаде не го спомнува референдум и тоа е дел од норвешката политичка пракса. И покрај тоа, во оваа нордиска земја одржани се шест референдуми, од кој најважни се оној за раскинување на сојузот со Шведска, како и пристапувањето на Норвешка во Европската Унија (ЕУ). Таму исходот на референдумот не е ниту обврзувачки ниту советодавен, со оглед на тоа што конечната одлука ја носи норвешкиот Парламент кој не мора да ја почитува волјата на народот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.