– Недозволиво е јавното полемизирање на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, како државен службеник именуван од Владата, иако е мој личен пријател ќе побарам од службите да биде разрешен, изјави премиерот Зоран Заев, откако директорот на ДПИ Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, тој нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.
Според Заев однесувањето на Пауновски пркос кој не е дозволен бидејќи како што истакна во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функциоонира..
Заев смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка.
Тој нагласи дека тоа се наши сограѓани, кои долго не работеа и земаа плата, а сега се прераспределени согласно нивните квалификации.
Од 1.349 вкупно рамковно вработени, дури 1.182 прифатеиле да бидат распоредени во институциите.