ВИДЕО: Случајот со Сачавалиев на 2:42:20
Се сеќавате кога го повикав Груевски да каже дали има ПИМ мерки против лидерот на опозицијата? Вчера тоа наврши една година, поминале во напредна фаза и последната година јас сум под посебни истражни мерки. Намерата им била да ме местат со пари за кампања, исто како Љубе, рече лидерот на опозицијата Зоран Заев на вечерашната трибина.
Тој рече дека името на човекот кој соработувал со власта нема да го крие, и станувало збор за Иво Сачивалиев од Струмица, сопственик на струмичка конзервна фабрика.
Заев денеска му се јавил на Сачивалиев околу 9 и пол часот за да го инфомира дека знае за неговата намера.
Помеѓу другото Заев рече дека оваа Влада повеќе нема легитимитет.
– Овие луѓе нелуѓе Груевски и Мијалков и неколкумина нивни соработници не помислувале дека шилото кое си го повика Груевски ќе тргне да си го бара патот. Девет години се мачеше, вртеше и еве го пред него. Сега шо правиме со твоето шило Груевски?, рече Заев.