– Заедно се договоривме да го обновиме членството во партијата и нејзината одлука да не се кандидира повеќе за заменик претседател на СДСМ ја почитувам, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Тој додава дека двајцата заедно со членството на партијата се договориле да отстапат простор за избор на нови луѓе.
-Шекеринска не поднесе оставка од позицијата заменик претседател на СДСМ, таа најави дека нема намера да се кандидира за трет мандат.Нејзината одлука ја почитувам.Таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата.Таа е мој другар, другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството или во СДСМ.Јас и Радмила и огромен процент од нашето членство се договориме дека треба да го обновиме раководството и да се даде шанса на нови луѓе, изјави Заев.