Премиерот Зоран Заев во „Клик Плус“ на ТВ21 осврнувајќи се на блоката од Бугарија изјави дека кога го потпишувале договорот за добрососедство со Бојко Борисов, сонувале целиот Балкан да биде дел од ЕУ.
Заев истакна дека македонскиот народ никогаш не би направил вакво нешто кон Бугарија и додаде дека ваквиот став на бугарската страна се должи на претстојните избори во земјата.
-Ми паѓа многу тешко оти ова е голема неправда. Сметам дека ваквата одлука не е желба на премиерот Бојко Борисов и на бугарскиот народ, туку политика пред избори. Јас и Борисов кога го потпишувавме Договорот за пријателство, сонувавме и мечтаевме цел Балкан да биде во ЕУ. Но, да дадеме шанси на деновите кои се пред нас односно на периодот до декември кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција“, рече Заев.