-Сигурни сме во нашиот идентитет, македонскиот јазик е непобитен, рече премиерот Зоран Заев за време на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21, додавајќи дека очекува македонскиот јазик и народ да бидат признаени од Бугарија.
„Лично очекувам Бугарите и бугарските власти да го признаат македонскиот јазик и македонскиот народ, затоа што тоа е чувство, тоа е дел од ОН, признаени сме од целиот свет, и внатре ако сакаат може да продолжиме како досега, а во Европа да нотира дека за Бугарија македонски јазик е тоа што е согласно договорот“, коментираше Заев.