Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: На 17 мај нема да има конечен договор за името

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 14, 2018 14:39

Се појавуваат информации дека се’ ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи времето е кратко  а делот што е останат за разговор е суштински, изјави денеска македонскиот премиер Зоран Заев при посетата на Росоман.

– Средбата на 17 мај со грчкиот премиер Алексис Ципрас не е од оние закажаните што ги чекавме. Средбата е на маргините на Самитот на ЕУ и јас се’ уште немам точен термин кога би била средбата. Целта е да направиме рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да им дадеме и смерници и на министрите, рече Заев.

Заев, верува дека, како што рече тој, „пред се’ треба да има некакво решение затоа што би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не“.

– Јас верувам дека дотогаш треба да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека, и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации. Затоа што, процесот, ако е тоа можно, да биде поддржан од сите, изјави премиерот Заев.

Воздржан оптимизам за можноста за решение во пресрет на средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, денеска изрази грчкиот алтернативен министер за надворешн работи, Јоргос Катругалос. Тој во интервју за грчкото радио „Реал фм“ рече дека прашањата се стигнати до нивното јадро и сега е време да се разговара на највисоко ниво.

– Имаме воздржан оптимизам дека може да имаме договор кој нема да наликува на Времената спогодба. Тој ќе биде комплетен и нема да остава „опашки“, затоа што во спротивно нема да биде согласно со поставенте грчки предуслови. Не се точни информациите објавени во медиумите во Грција во текот на викендот, за одреден временски рок и преоден период за имплементација на договорот. Може да има временски период за прашањата што не можат да се решат во моментот на потпишувањето, но во никој случај нема да биде Времена спогодба како претходно, објаснува Катругалос во интервјуто за грчкото радио.

Тој додаде дека ако опозицската Нова демократија не гласа за договорот, тоа ќе биде голема грешка за лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис, бидејќи, како што рече, актуелната национална линија на Грција е истата што неговиот татко Константинос Мицотакис ја поставил, но и истата со онаа на Костас Караманлис од 2007 година.

Денеска се огласи и коалицискиот партнер на премиерот Ципрас, „Независни Грци“, чиј лидер е министерот за одбрана Панос Каменос. Неговата партија не отстапува од позицијата против име за државата во кое би бил вклучен терминот „Македонија“.

– Не можеме да прифатиме име што ќе го вклучува терминот Македонија или изведени зборови. Државата на Скопје ќе треба да прифати еден комплетен договор, односно промена на Уставот, промена во личните карти, едно име за сите. Во секој случај, ние, „Независни Грци“ не можеме да отстапиме од основните прашања и нашите цврсти позиции. За нас, јадрото на иредентизмот на соседната држава, се наоѓа во името, изјави портпаролката на партијата Мадалена Пападопулу во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

Што се однесува до повикот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на итна лидерска средба, Заев рече дека стои на располагање но во термин кога сите ќе бидат во земјата.

– Денеска, по овој настан, подготвен сум да одржам состанок со шефот на опозицијата, доколку тој заклучи дека треба да го има. Стојам на располагање да ги информирам пред да одиме на средбата во Софија, а, секако, подготвен сум и после тоа  да ја свикам лидерската средба, кога на неа би биле сите присутни, нагласи Заев.

За да биде одржана лидерската средба, сите релевантни и поканети страни треба да бидат во земјава. Во моментов, министерот за надворешни работи Никола Димитров е во Холандија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја прекина посетата на Италија но во среда патува за Бугарија каде што во главниот град Софија ќе учествува на Самитот на Европските народни партии. Во исто време во Софија заминува и премиерот Зоран Заев на Самитот на Западен Балкан-ЕУ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.