Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави лидерска средба во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ, но и за други, како што рече, отворени прашања.
-Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доаѓаат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба, нагласи Заев, кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев беше во посета на комбинатот “Еуро никел”, поранешно “Фени”.