На својот Фејсбук профил и на Твитер лидерот на СДСМ Зоран Заев пред еден час ја напиша познатата најава за “бомби” #ТикТакТикТакТикТак.
Оваа најава јасно става на знаење дека на преговорите за исполнување на договорот од Пржино синоќа немало напредок. Се очекува СДСМ да продолжи со објавувањето на “бомбите” доколку договор не биде постигнат до недела вечер.
Дознаваме дека шансите за постигнување договор до недела вечер се минимални.