Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не е исклучено да има рестрикции од 17 или 18 часот иако досегашните мерки даваат резултати

0
By Нова ТВ on November 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се прават анализи за следните чекори во справување со КОВИД-19, се размислува за рестрикции, за што деновиве ќе заседава и Советот за безбедност, но мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати  – од 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така секако доколку и натаму се  спроведуваат актуелните мерки за заштита, оцени премиерот Зоран Заев.

-Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18 ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од  мерките, рече премиерот Заев во синоќешното интервју во „Клик плус“ на ТВ 21.

Посочи дека јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за справување со КОВИД-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручен кадар за справување со оваа ситуација.

Во однос на набавката на вакцина откако ќе биде одобрена, премиерот Заев нагласи дека земјата е вклучена во КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организацја за да се обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини против КОВИД-19 и дека Северна Македонија, како и Западен Балкан, ќе биде вклучен во набавката на вакцината што ќе ја спроведе ЕУ за нејзините земји членки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.