Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам врз институциите и судството

0
By Соња Петрушевска on October 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не ми паѓа на памет да влијаам врз независноста на институциите и судиите, но треба да се помириме“, кажа Заев денеска на продолжението на собраниската седница за уставните измени.

Заев во реплика до пратеникот Крсто Јовановски се согласи со него дека само преку дијалог меѓу власта и опозицијата може да се стигне до договор.

„На лидерските средби прифатив претседателот на ДИК да биде од опозицијата, прифатив и техничка влада без никакви условувања, а за рефрендумот зборувавме дури на наредната лидерска средба – затоа што верував дека сите сме одговорни. Јас останувам на овој пат – Македонија мора да има иднина“, кажа Заев.

Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО ДПМНЕ кој гласаше на референдумот рече дека нема да гласа за владиниот предлог за пристапување кон измени на Уставот.

 

Тој ги повика Заев и Мицкоски да се договорат, затоа што партениците немаат мандат да гласаат за промена на Уставот.

„Ниту вие Заев сте пратеник, ниту претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски е пратеник. Затворете се некаде 5 или 10 дена колку што треба и договорете се, па потоа дојдете овде да разговараме во Собранието“, кажа Јовановски.

Пратеникот се согласи дека општеството е поделено и „само искра може да те жигоса дека си предавник“, кажа Јовановски.

Постапката за пристапување кон уставните измени ќе ја поддржи Сурија Рашиди од Алијансата на Албанците .

„На Алијансата на Албанците и одговораат предвремени избори затоа што има поголема поддршка на терен од актуелниот број на пратеници кои сега ги има, но мислиме дека изборите треба да се одржат од кога ќе бидат усвоени уставните измени“, рече Рашиди.

За повикот на Заев за обединување, Рашиди кажа дека „е човечки да се прости, но и опасно, затоа што е спротивно на меѓународните институции кон кои се стремиме“, кажа Рашиди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.