Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите вечерва истакна дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира, пренесе ТВ21.
„Искрено очекувам дека демократското парламентарно мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото наше општество, за држење на меѓусоседските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата. Затоа се овие напори, уште еднаш напоменувам, вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство“, порача Заев.