Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од граѓанската трибина„Обединувачки за Скопје“:Можно е, остварливо е, неопходно е обединување!

0
By Mirjana on October 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Можно е, остварливо е, неопходно е обединување! „Барам поддршка од сите граѓани за нашата заедничка прогресивна иднина. За Скопје европски град, Скопје кое сплотува и работи за вас. За Северна Македонија европска држава, достојна членка на НАТО, меѓу демократските земји која испорачува мир, а сите ние европски граѓани. Можно е, остварливо е, неопходно е обединување“ порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир на партијата во Скопје.
Тој ги повика сите на одважност и издигнување над себе и личните очекувања и побара кочниците кои сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата која ќе повлече напред, бидејќи должност ни е да одиме напред. „Со еден чекор сме горе, на планината и ќе поставиме уште едно победничко знаме на слободата, напредокот и интеграциите. Но со другиот сме „низбрдо“, назад во 2016, а кој знае можеби и во 2001, во ризици, неизвесност криза и изолација“ кажа Заев.
Тој рече дека последниот сантиметар до целта е најтежок бидејќи успехот се чини на дофат и сме најкомотни и тогаш ризикот за да се лизнеме надолу е најголем. „Кочниците кои ни ги поставуваат другите и дома и надвор се тешки, но со нив знаеме да се справуваме. Но како ќе се справиме со самите себе кога на 1 ноември би се разбудиле со сознанието дека сами сме поставиле кочници на среќата на своето дете, на прогресивната иднина на својата земја и дека Скопје не го срушил земјотрес, туку од невнимание и разединетост преку Скопје не повлекле во провалија, тие кои го нагрдија и му ја одземаа душата“ рече Заев.
На трибината се обрати и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. 
-За Скопје се работи со план, а не лесно и брзо како што ветуваат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ -Оваа сала вечерва ја покажува вистинската сила на граѓаните, а вашата сила и посветена работа ја влече метрополата напред, не е сеедено каков град ќе биде нашето Скопје за кое работиме со многу љубов, со срце, рече сегашниот и кандидат за градоначалник, Петре Шилегов на собирот на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.
-Изградивме повеќе инфраструктури проекти колку што немаше во 27 години наназад, чекор по чекор Скопје станува модерен и организиран град на 21 век, за овие четри години и јас научив многу, она што најдобро знам дека ништо не се постигнува лесно и брзо, туку со планирање, а нашите проекти нудат решение за идните 50 години, а тоа не се работи ниту брзо ниту лесно како што велат Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, појасни тој.
Шилегов рече дека одговорноста за градот се мери преку зелените оази изградени во минатите четири години како и квалитетот на воздухот.
– Ги исчистивме сите депонии и ги претворивме во паркови, а според новиот урбанистички план Скопје ќе биде град без тешка индустрија, важно е да имаме добар превоз и најголема пешачка зона во Европа. Скопје веќе се менува, нови четри булевари, мостови, паркови, енергетски план, вело патеки, во следните четри години градот дополнително ќе се промени, за четри години нема да има гужва во сообраќајот, ако за четири години го намаливме загадувањето за една третина за уште четири нема ни да биде тема на разговор, тоа е визијата за градот, дополни тој. Шилегов потсети дека за време на неговиот мандат се набавени новите 33 ман автобуси со висок квалите, а не кинески и неквалитетни, рече Шилегов.
Пред присутните се обратија советничката во градскиот совет од СДСМ, атлетичарката Дрита Исљами, натаму актерот Дениз Абдула и музичарот Мирко Попов.
-Сведочев тепачки во автобуси и сообраќаен хаос, денес Чаир има велопатеки и нови тревници Јас сум горд скопјанец и чаирчанец и можам да потврдам дека во моето маало, Чаир, се случи најголемата промена во изминатите четири години, истакна актерот Денис Абдула од обединувачкиот собир на СДСМ. Тој рече дека претходно сведочел на конфликти во автобусите, на сообраќаен хаос на улицата „Цветан Димов“, како и на запустени простори и паркови.
-Денеска Чаир изгледа сосема поинаку, има нови велопатеки, има тревници, нови булевари и насмеани лица на децата и возрасните. Кога на една заедница за првпат ќе и дадеш нешто убаво таа ќе знае тоа да го почитува и одржува, кажа Абдула. Според него Петре Шилегов е човек со волја и енергија за промена на подобро и затоа порача да не се враќаме назад, бидејќи, како што вели, ако си го сакаме градот изборот е еден, рече актерот Абдула. 
-Јас сум во постојан конфликт со властите, но го поддржувам Шилегов за градоначалник бидејќи знае и да слуша и да разговара. Не сум бил на ваков настан и изгледа импресивно, 30 години работам како кулурен уметник, со над 250 изданија од македонски автори, претставник сум на прогесивната и алтернативна култура, бидејќи не сме дел од македонската естрада, го започна својот говор продуцентот и музичар Мирко Попов на трибината на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.
-Од позиција на културен работник кој се обидува да опстане 30 години на оваа сцена во земјава, доста често доаѓам во конфликт со власта и сум сведок и учесник на сите власти и многу често сум опозиција бидејќи сум во конфликт со нив, овде сум да разговарам за конфликтот со нашиот градоначалник Петре Шилегов, тој мене и мојот тим не прими, дискутиравме, но добро се разбравме и исходот беше за општо добро, дополни Попов. Тој посочи дека неговото искуство и неговите интереси се онакви како она со градоначалникот Шилегов, бидејќи и покрај конфликтите добор е да се има разбирање со властите. -Тој е еден од ретките што има слух и трпение и има доблест да разговара со луѓето кои се на маргините на општеството, а проблемите кои ги имаме се токму поради тоа што културата е ставена настрана, се надевам дека во иднина токму тој како и премиерот Зоран Заев ќе продолжат во таа насока бидејќи културата е тоа што ќе не извлече од калта, појасни Попов.

Дрита Ислами порача: да продолжиме да го развиваме Скопје, за да биде еднаков град за сите „Да продолжиме да го градиме и развиваме Скопје, за Скопје да продолжи да биде еднаков град за сите жители. Сарај и Скопје се мојот дом и драго ми е што тој дом постојано се развива и разубавува во последните четири години благодарение на градоначалникот Петре Шилегов“ кажа атлетичарката Дрита Ислами на граѓанскиот собир на СДСМ во Скопје.

Таа ги повика сите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати на 31 октомври да го поддржат градоначалникот Шилегов за Скопје да продолжи да се развива во следните четири години. „Атлетиката е индивидуален спорт, но за успех потребен е ангажман на други луѓе. Исто е и со градоначалникот, тој е еден, но зад него е негиовиот тим и ние граѓани со цел да постигнеме заеднички успеси“ кажа Ислами. Таа додаде дека каде и да оди низ светот кажува дека нејзиниот град, Скопје, прераснува во вистинска метропола и кажа дека е убедена дека под водство на градоначалникот Шилегов тоа ќе продолжи и во следните четири години, рече таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

обединувачки за Скопје СДСМ трибина Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.