Зоран Заев со 60.840 гласа „за“, 888 „против“ и со 249 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.
Заврши гласањето на непосредните партиски избори на СДСМ, при што за прв пат членовите директно гласаа на избори. Единствен кандидат беше актуелниот партиски лидер Зоран Заев.
„На сите 237 избирачки места во сите општини се спроведоа целосно безбедни избори со строго почитување на здравствените препораки, со излезност од 90%“, информираа на прес-конферeнција од партиската Централната Изборна Комисија.
Промовирајќи ја својата програма како кандидат за претседател на партијата, Заев истакна дека таа е базирана на пет клучни столба, при што најави „најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.