Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Предвремени парламентарни избори ќе нема, пописот ќе се одржи од 1 до 21 април

0
By Нова ТВ on February 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денес ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентрни избори заедно со локалните, додека во врска со пописот изјави дека ќе се одржи како што е предвидено од 1 до 21 април годинава. Одговарајаќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по потпишување на договорот за грант за енергетска ефикасност со германската КфВ банка, Заев го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да престане да ја замајува јавноста со барањето за предвремени избори заради свои внатрепартиски причини.

„Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија која што мисли дека треба да има, нека се изасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори“, рече Заев.

Тој истакна дека дојде време да се работи и да се сработи до крај, заради тоа што е важен секој месец, секој ден, секој час, а не постојано да се оди на избори.

„Бевме на избори, прифативме предвремени парламентарни избори на барање на опозицијата, ја утврдивме евроатланската агенда и завршија изборите и изгуби ВМРО ДПМНЕ. Сега повторно да одиме на предвремени парламентарни избори? Зошто? Затоа што така мисли Мицкоски? Не, нема потреба да одиме, нема причини зошто да одиме. Треба да одработиме, и ако треба по 100 пати да повтроруваме за тоа, ќе повторуваме, рече Заев.

Тој нагласси дека дефинитивно, парламентарно мнозинство за одлука за предвремени парламентарни избори нема.

„Ако го има, Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката како што мислат, рече Заев, порачувајќи дека Мицкоски треба да престане да залажува заради свои внатрепартиски потреби одредени нерални агенди.

„Тоа е неодговорно и влијае врз економијата. Предвиливоста за економијата е важна. Сите деловни луѓе треба да знаат, секое семејство, секој граѓанин, за да може да прави предвидливост за плановите – ќе има редовни парламентарни избори во 2024 година“, рече Заев.
Во врска со пописот, премиерот уште еднаш нагласи дека тој треба да се одржи како што е предвидено, како и дека податоците од пописот се важни за државата и за планирање на нејзиниот развој.

„Дебатата за пописот е завршена. Попис од 1 до 21 април ќе се спроведе во нашата земја. Ние сме една од ретките земји во светот, кои што 20 години немаат попис и треба да бидеме уште поодговорни час поскоро да го спроведеме пописот“, рече Заев.

Тој додаде дека во духот на инклузивноста и обидот за постигнување консензус, имале разбирање за сите предлози и се што може да биде прифатливо и разумно, но дебатата за пописот е завршена.

„Доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис, затоа што, ниту ќе смени нешто политички во државата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека методологијата веќе е објавена и одговорени се сите прашања, како и дека е обврска на секој граѓанин да се попише.

„Има сериозни санкции за одбивањето, за давање одговори, односно непопишување со самиот попис. Тоа е граѓанска обврска кон државата и верувам дека сите ќе ја исполниме“, истакна премиерот Заев.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.