Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев понуди помирување за 27 април за обединување за ЕУ и НАТО

5
By Соња Петрушевска on October 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Македонија ја започна 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Премиерот Зоран Заев во говорот во Собранието понуди помирување за настаните од 27 април, за како што рече да се обединат двете страни, но директно не го спомена зборот амнестија. 

„Десната страна нека понуди рака на левата страна во Собранието. Дајте да се помириме за 27 април. Јас сум подготвен за ова да  платам политичка цена. Нема иднина ако ние сами не си простиме. Оваа одлука ја очекуваат сите граѓани на Македонија. Да и покажеме на Европа дека имаме заеднички интерес“, кажа Заев.

Тој ги повика пратениците оние кои се уште се двоумат да  изберат ЕУ и НАТО, наместо изолацијата.

„Сите знаеме дека единствениот пат за Македонија е во ЕУ и НАТО, сите знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме. Таа е во согласност со одлуката на народот кој сака членство во ЕУ и НАТО“, кажа Заев кој додаде дека ова е единствениот пат за мир, стабилност и економски просперитет.

Според него, нивната историска улога и одлука ја очекуваат сите граѓани и сите во светот, рече Заев.

Владата е подготвена да биде максимално подготвена за прифаќање на амандмани, но да бидат во духот на договорот од Преспа.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето за дневниот ред побара точката да биде симната од дневен ред.

-Нема легитимитет Собранието да влезе во оваа процедура, рече Димовски. „Никој не даде ветување за промена на Уставот. ВМРО ДПМНЕ во својата програма напиша дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. И СДСМ ветуваше дека нема да се согласи со промена на Уставот, рече тој.

Според Димовски Собранието е должно да ја спроведе одлуката од референдумот кој бил неуспешен.

Предлогот на Димовски да се тргне точката од дневниот ред не беше усвоен. Против гласаа 69 пратеници, а за беа 39 пратеници.

Во салата се пратениците од сите пратенички групи, а на седницата присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.